ШМИНКЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Шминкер е насочена кон стручно оспособување на учесниците од областа на козметиката.

Програмата им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат основните техники на шминкање,  да распознаваат  техники според ликот и типот на лицето, како и стилот на клиентот;  да идентификуваат прибор и производи за шминкање  и правилно да ги применуваат;  да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот и да воспоставуваат добра комуникација со своите клиенти и соработници.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Програмата за “Шминкер”е составена од 120  часа од кои 40 часа теоретски дел и 80 часа практичен дел. Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1. Основи на шминкање. Модул 2. Анатомија и физиологија на кожа.  Модул 3. Техники на шминкање. Модул 4. Целна и специјална шминка.

Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни форми и методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно и писмено, преку практична работа и завршен испит. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.

Стручно-теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира наставен кадар со завршено високо образование, VII/1 степен студии по медицина или 240 ЕКТС. Практичниот дел од обуката: ќе го реализира козметичар шминкер со минимум 5 години работно искуство, со мајсторски испит.   По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се стекнува со сертификат за работна оспособеност за Шминкер.анаетчиска

Верификацијата истекува во септември 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот за упис во програмата, треба да има најмалку основно образование и да е постар од 15 години. Учесник во програмата може да биде и лице со завршено средно и високо образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

80

Оценување

0

Вкупен број на часови

120

Датум на верификација

13/09/2022

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content