Личен асистент на лица со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за лична асистенција на лица со попреченост има  за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита со која се обезбедува индивидуална помош и поддршка за лица од 6 до 65 годишна возраст, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење секојдневни активности, согласно неговите индивидуални потреби.

Личната асистенцијата треба да биде прилагодена на личните и поединечни потреби  на корисникот, кој  одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.

Оваа програма опфаќа  стручно-теоретски содржини во времетраење од 92 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 108 часа и се изведува во становите на лица со посебни потреби, домови и/или институции за сместување  на лица со посебни потреби, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

Самата програма е составена од 4 области/ модули:

1.Основни познавања на видовите на попреченост, права и потреби на лицата со попреченост, видови на помагала и нивна примена

  1. Помош во домот на корисникот

3.Помош на работното место, образовна установа, центар за рехабилитација, центар за професионална рехабилитација и други места во заедницата

  1. Комуникација и психосоцијална поддршка на лица со попреченост

Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа  самостојно во домот на корисникот  и/или под надзор на стручно лице во институции/установи.

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со посебни потреби, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега.  Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

По успешно завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат – „Личен асистент на лица со попреченост“.

Верификацијата истекува во јануари 25, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено минимум основно образование

Над 18 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

92

Пракса

108

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

25/01/2022

Скопје

Готвач/ka

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content