КОМПОСТИРАЊЕ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Компостирање“ се состои од 200 часа, од кои 105 часа се теоретски дел, a 95 часа се практична настава. Периодот на реализација на програмата е 3 (три) месеци.

Целта на оваа програма е кандидатот да стекне компетенции за компостирање на органски отпад.

По реализација на програмата  кандидатот може да се вработи во комунални и други јавни претпријатија кои стопанисуваат со отпад, или  има  можност за отворање на сопствен бизнис. По завршување на програмата кандидатот кој ќе ја следи оваа програма ќе биде способен да:

  • подготвува техничка документација за компостирање;
  • применува основни стандардни процедури за селекција на органски отпад,
  • врши селекција на суровината што се компостира;
  • контролира фази од процесот на компостирање и зреење на компостот;
  • применува постапки за одржување на хигиена во локацијата за компостирање и на средствата и алатките за работа;
  • ги контролира процесите: зреење, пакување и транспортирање на компостот;
  • одредува соодветно место за складирање на зрелиот компост;
  • води потребна евиденција во секоја фаза од процесот на компостирање;
  • пополнува работна документација;
  • соодветно ракува со суровините и готовите производи;
  • применува начини за контрола на квалитет;
  • применува соодветни постапки за чистење на средствата за работа;
  • комуницира со соработници;
  • применува правила за работно комуницирање;
  • соодветно реагира во ситуации на опасност при работа, повреди и проблематични ситуации.

Теоретскиот дел се одржува во предавална со капацитет од 40 места, WiFi, LCD, табли и друга опрема за презентација;

Практичниот дел се реализира на сопствените земјоделски површини во село Баница на простор од 50 000m2 и пластениците од 7 000m2 во заедницата „Покров“, која заедница е интегриран дел од здружението Избор. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во здружението.

Реализацијата на наставата ќе се одвива во согласност со модулите застапени во програмата.

По завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат

„Оператор за компостирање“.

Верификацијата истекува во август 17, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Наполнети 18 години старост

Минимум завршено основно образование

Извршен санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

105

Пракса

95

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

17/08/2022

-

СУШЕЊЕ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content