Декоративен маникир

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во Декоративниот маникир. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салон, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност, подготвува работно место и клиент за третман, изведува основни техники  во надградба на ноктите и декорација на надградениот нокт, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира и соработува во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука. Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салони за практичниот дел. Во реализација на програмата  се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука и на завршниот испит. За проверка на знаењата и вештините ќе се применуваат методите:  усно и писмено проверување, практична работа, портфолио од вежби. На крајот од обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со сертификат по верифицирана програма за Декоративен маникир. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.

Времетраењето на програмата 120 часа од кои 30 часа теорија, 90 часа практична обука. Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1. Основни познавања на занимањето. Модул 2. Анатомија и физиологија на кожа.  Модул 3. Класичен маникир. Модул 4. Техники на надградба и декорација на нокти.

Стручно-теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира наставен кадар со завршено високо образование, VII/1 степен студии по медицина или 240 ЕКТС. Практичниот дел од обуката: ќе го реализира козметичар, маникирист, со минимум 5 години работно искуство, со мајсторски испит.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за декоративниот маникир (Напреден курс и Специјализиран курс).

 

Верификацијата истекува во септември 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот за упис во програмата, треба да има најмалку основно образование и да е постар од 15 години. Учесник во програмата може да биде и лице со завршено средно и високо образование.Занаетчиска комора

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

90

Оценување

0

Вкупен број на часови

120

Датум на верификација

13/09/2022

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content