Фризер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за занимање, фризер. Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за фризер.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 50 часа се стручна теорија, 150 часа се практична обука во реални работни услови.
Програмата е организирана во 5 модули. Модул 1. Основни познавања на занимањето.
Модул 2. Миење и нега на коса и скалп. Модул 3. Потстрижување на коса.
Модул 4. Обликување на коса. Модул 5. Боење и белење на коса.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи самостојно да подготвува, организира и извршува работни задачи; рационално користи материјали, опрема и време; комуницира со корисниците на услуги; приготвува клиент; разликува методи за одредување на статусот на косата, идентификува и правилно користи приборот и средствата за работа, избира производи за миење на косата, мие коса, изведува различни техники на масажа на скалп, користи основните техники на фенирање, боење, шатирање, бланширање, применува техники за виткање на коса, користи основните техники на потстрижување на коса, извршува работи во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, ги познава правата од работен однос, комуникација со соработници и сл.
За реализација на целите на програмата се користат современи методи и форми на учење. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит, кој се состои од теоретски дел – тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.
Програмата ќе се изведува во просторија опремена согласно норматив за опрема и наставни средства и помагала и во фризерски салони соодветно опремени. Во реализација на програмата за стручно теоретскиот дел од обуката ќе бидат ангажирани: лице со завршено високо образование, VII/1 степен или 240 ЕКТС, со завршени студии по медицина и лице со завршено високо образование, VII/1 степен или 240 ЕКТС, Технолошки факултет, а за практичниот дел од обуката: фризер со минимум 5 години работно искуство, со мајсторски испит.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви (Напреден курс и Специјализиран курс).

Верификацијата истекува во септември 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот за упис во програмата, треба да има најмалку основно образование и да е постар од 15 години. Учесник во програмата може да биде и лице со завршено средно и високо образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

150

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

13/09/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content