Шминкер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Програмата “Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.

Програмата за шминкер им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат основните техники на шминкање,  распознавање на техниките според ликот и типот на лицето како и стилот на клиентот; да ги идентификуваат приборот и материјалите за шминкање  иправилно да ги применуваат; да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот и да воспостават добра комуникација со своите клиенти и соработници.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Програмата за “Шминкер”е составена од 115 часа од кои 40 часа теоретски дел и 75 часа практичен дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука и тоа  усно и писмено, практична работа и завршен испит.

Наставата ќе се одвива во предавална и салон за козметика, според Норматив за простор, опрема и наставни средства. Стручно-теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира наставен кадар со завршено високо образование, VII/1 степен студии по медицина. Практичниот дел од посебната програма ќе го реализира козметичар со повеќегодишно работно искуство. По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се стекнува со сертификат за работна оспособеност Шминкер.

Верификацијата истекува во март 3, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Потребно е  учесниците да имат најмалку основно образование и 15 години возраст. Пожелно ниво на образование е тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

75

Оценување

Вкупен број на часови

115

Датум на верификација

03/03/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content