Дијагностичар на мехатронички системи кај возилата

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за диагностицирање и сервисирање на неисправности на моторните возила.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат Дијагностичар на мехатронички системи кај возилата“.

Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 90 часа теоретска обука, 210 часа се практична обука во реални работни услови .Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство , автотехничар – мехатроничар(машински техничар за моторни возила), со минимум 5 годишно работно искуство во струката, кој  ќе ги  обучи учесниците и ќе ги менторира во делот на реализација на практичниот дел,или обучувач со постсредно стручно образование

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Дијагностичар на мехатронички системи кај возилата“.

Верификацијата истекува во мај 9, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата е потребно да имаат завршено најмалку средно образование и наполнети 17 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

80

Пракса

220

Оценување

0

Вкупен број на часови

300

Датум на верификација

09/05/2022

-

Готвач

Плочкар

Армирач

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content