Фризер за жени и мажи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата има за цел да го оспособи учесникот во обуката за самостојно извршување на работни активности во фризерски салон за жени и мажи.

 

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ги подготвува, организира и извршува работните задачи, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, да комуницира со корисниците на услугите и деловните партнери, да ги чисти и ги дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува, да го подготвува клиентот за обликување на фризурата и истата ја обликува согласно со намената, да негува коса и скалп, да комбинира и обликува производи за коса, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив,  да користи соодветни информациско-комуникациски средства, да применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.

Покрај наведните знаења, вештини и компетенции, учесникот ќе ги познава административните, комерцијалните, информатчките и претприемачките знаења, вештини и компетенции за самостојно стопанисување, вработување како фризер.

 

Теоретската настава, практичниот дел и оценувањето ќе се реализираат во училница, кабинет опремена според соодветни технички услови во фризерски салон.  Програмата ќе биде реализирана преку пет модули. По секој модул и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит, а доколку го положи успешно тестот на учесникот му се издава сертификат за работно оспособување фризер за жени и мажи. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој учесник со цел следење на напредокот.

Програмата ќе биде реализирана од страна на обучувачи со завршени студии по технологија или медицина, а практичната обука ќе ја реализира фризери со минимум 5 годишно работно искуство.

Верификацијата истекува во март 8, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

të ketë përfunduar së paku arsimin fillor, të paktën 17 vjeç

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

165

Оценување

0

Вкупен број на часови

225

Датум на верификација

18/12/2023

Скопје

ШИВАЧ НА ГОРНА ОБЛЕКА

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content