Негувател/ка на возрасни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со  тримесечно времетраење, односно 200 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини во времетраење од 64  часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 136 часа и се изведува во институции за сместување  на стари лица, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

Учесникот во програмата ќе  се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа  самостојно и под надзор на стручно лице во институции/установи.

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со возрасни лица, со примена на основните знаења и вештини за базична нега.  Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината

Верификацијата истекува во ноември 16, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Të paktën 18 vjeç

Arsimi minimal fillor

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

64

Пракса

136

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

09/10/2023

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content