Асистент за работа со деца со посебни потреби

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат грижа за здравјето, безбедноста, хигиената и нега на деца со пречки во развој.

Учесникот, по завршените модуларни единици и успешно реализираниот фонд на часови за обука, ќе се стекне со теоретско знаење и практични вештини, односно компетенции за да биде асистент за работа со деца со посебни потреби. Притоа, тој ќе биде компетентен да дава поддршка и помош во воспитувањето, образованието и грижата при работата со децата со посебни потреби.

Обуката се состои од два дела: теоретски  и практичен дел, како и дел за оценување.

Теоретска настава ќе се одвива во просториите и училници наменети за обуката. На обуката ќе се користат современите сознанија од педагогија и психологија за обука на учесниците во програмата кои ќе работат со деца со пречки во развој.

Вториот дел од обуката (практичниот дел) ќе се реализира во Дневни центри кои згрижуваат деца и лица со разни видови на попречености.

Теоретските и практичните содржини ќе помогнат слушателите на обуката да се оспособат за: комуникација со децата со пречки во развој и со нивните родители/старатели;  ќе се стекнат со знаење како да се грижат за емоционалниот и социјалниот живот на децата; ќе знаат како да се грижат за нивната исхрана; ќе научат како да помагаат на децата во извршување на нивните секојдневни обврски;

Времетраење на програмата е 210 часа: од кои 60 часа се предвидени за теоретска настава, 130 часа за практична настава и 20 часа за проверка на знаењата и вештините, односно оценување. Планирано е обуката да се реализира преку четирите модули на програмата за здравствена и социјална заштита и нега, во групи до 10 посетители.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење.

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој се состои од писмен (теоретски) и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „Асистент за работа со деца со посебни потреби“.

Верификацијата истекува во јули 21, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку средно образование; да има здравствена способност за вршење на дејноста; неосудуван

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

130

Оценување

20

Вкупен број на часови

210

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content