Козметичар за нега на лице и тело

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата Козметичар за нега на лице и тело е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за самостојна примена на основни техники во козметика за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опрема, производи и инвентар. Начинот на реализацијата на програмата е преку теоретската настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за работно оспособување за козметичар за нега на лице и тело.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 50 часа стручна теорија, 150 часа се практична обука.
Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1. Планирање и организирање на работата и просторот во козметичкиот салон. Модул 2. Третмани на лице, врат и деколте. Модул 3. Третмани на тело. Модул 4. Маникир и педикир.
Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Од наставен кадар ќе бидат вклучени за реализација на торетскиот дел – лице со завршени студии по медицина VII/1 степен или 240 ЕКТС, и за практичниот дел – козметичар со минимум 5 години работно искуство и положен мајсторски испит. За реализација на целите на програмата се користат современи методи и форми на учење. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит, кој се состои од теоретски дел – тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.
По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за стручно оспособување за Козметичар за нега на лице и тело.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.

Верификацијата истекува во септември 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот за упис во програмата, треба да има најмалку основно образование и да е постар од 15 години. Учесник во програмата може да биде и лице со завршено средно и високо образование. Учесникиот не е потребно да поседува претходни знаења и вештини од содржините во програмата.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

150

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

13/09/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content