Главна цел на програмата за обука на Фризер I ниво е стекнување на вештини за негување и обликување на коса.
Програмата пред се е практично ориентирана преку практична обука и теоретска настава и истата води кон стекнување на сертификат за Фризер I ниво.
Практичната обука ја реализира мајстор – фризер,а теоретскиот дел го реализира наставен кадар согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование.
Обуката се спроведува во фризерски салон во траење од 3 (три ) месеци или 96 часа месечно или вкупно 288 часа.Обуката се организира пет пати по 4 часа или вкупно по 20 часа неделно. Практичната обуката е индивидуална, додека теоретската настава повремено може да е фронтална, индивидуална, или групна во зависност од поставените цели на тематските целини.
Вреднување на резултатите на постигањата на учесницитe е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио.
По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна проверка.Заклучната оценка на учесниците се изведе врз основа на портфолиото по секоја тематска целина,како и од завршниот испит.
Секој учесник кој го положил завршниот испит добива сертификат за фризерI ниво во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини,компетенции и знаења.
За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 180 минути и е во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.
Напредувањето на завршените учесници е според Законот средно стручно образование и обука и Законот за образование на возрасни.