Шивач на женска облека

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да се стекнесо знаења, вештини и компетенции за занимањето Шивач на женска облека, со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи, работи во тим за изведување на различни техники на шиење на здолништа, панталони и фустани, подготвува текстилен материјал, комуницира со клиенти и со деловни партнери, користи опрема и алати (машина за шиење, машински игли и игли за рачно шиење, рипери, стапала за шиење и друго), применува мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги-шиење, познава права и обврски од работен однос, води евиденција и изготвува извештај за извршената работата.

Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 50 часа теоретска настава, 100 часа се практична обука во реални работни услови.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во шивачки салони опремени со потребните машини, алати, прибор и опрема за шиење. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секојмодул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Шивач на женска облека“.

Верификацијата истекува во октомври 19, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата потребно е да се постари од 17 години и да имаат завршено минимум основно образование.
Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област.
Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

100

Оценување

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

19/10/2022

Штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content