Кројач на женска облека

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да се стекнесо знаења, вештини и компетенции за занимањето Кројач на женска облека, со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи, спроведува технолошки процес на кроење, крои женски здолништа, панталони и фустани, подготвува текстилен материјал за кроење, комуницира со клиенти и со деловни партнери, користи професионални апарати, опрема и алати(мерна лента, шаблони, разни секачи, разни ножици, креда, молив, линијар и друго), применува мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги-кроење, познава права и обврски од работен однос, отвори и води сопствен бизнис, води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во кројачки и шивачки салони опремени со потребните машини, алати, прибор и опрема за кроење. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секојмодул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Кројач на женска облека“.

Верификацијата истекува во октомври 26, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 

Учесниците во програмата потребно е да се постари од 17 години и да имаат завршено минимум основно образование.

Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

140

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

26/10/2022

Штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content