ИЗРАБОТУВАЧ НА ЛЕБ, БЕЛИ ПЕЧИВА И БУРЕК

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „ Изработувач на леб, бели печива и бурек“ се состои од 450 часа, од кои 155 часа се теоретска настава и 295 часа се практична настава. Периодот на реализација на програмата е 4 месеци.

Главна цел на програмата е кандидатите да  стекнат компетенции за изработка на леб, печива и бурек почитувајќи ги прописите за работа во пекарство. Кандидатите преку реализација на модулите ќе стекнат  компетенции со кои имаат можност за директно вработување или можност за отворање на сопствен бизнис.

По завршување на програмата секој кандидат ќе биде способен да:

  • постапува правилно со тестото при негово замесување и обработка;
  • извршува работни операции во технолошките процеси за изработка на леб, печива и бурек;
  • ракува правилно, чува и складира суровини и производи;
  • ракува и одржува алати, апарати и опрема во процесот на изработка на леб, печива и бурек;
  • ја планира работата и обезбеди услови за извршување на истата;
  • применува начела на добра хигиенска пракса, HACCP систем и важечки правилници
  • комуницира соодветно, отвара сопствен бизнис или да се вработи на соодветно работно место

Теоретскиот дел на обуката се одржува во училница која е прилагодена за работа за соодветен број на учесници.Практичниот дел се реализира во работилници за изработка на леб, печива и бурек.

Модулите се реализираат во согласност со програмата.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • Минимум завршено основно образование

уреден наод од ( здравствено-хигиенски ) санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

155

Пракса

295

Оценување

Вкупен број на часови

450

Датум на верификација

20/02/2020

-

РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content