Изработувач на бурек

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за „Производител на бурек“ се состои од 300 часа, од кои 240 се практична настава,  60 часа се теоретски дел. Периодот на реализација на програмата е 3 месеци.

Главна цел на програмата е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за производство на бурек и пити , со што ќе му се обезбедат можности за директно вработување или можност за отворање на сопствен бизнис. По завршување на програмата кандидатот кој ќе ја следи оваа програма ќе биде способен да ги извршува следниве работи:

  1. Организира работа и ефективно да работи;
  2. Следи и почитува стандарди за работа;
  3. Подготвува и изработува бурек и вртени пити.

 

Чекори и опис на активности:

Теоретскиот дел се одржува во училница, која е прилагодена за работа со 12 учесници. Просторијата е соодветно опремена со канцелариски столици и маси технички опремена со ЛЦД проектор, две табли за предавање и презентации. Наставата ќе започне со темите за претприемништво и деловна комуникација. Битен чекор е секој кандидат да се оспособи  да развива план за работа и да ги идентификува чекорите во претприемништвото, во случај да отвори сопствен бизнис, базиран на занимањето. Потребно е во делот на претприемништво да развива бизнис идеи и да ги планира ресурсите за работа, за да може да отпочне со сопствен бизнисво сферата. Секој иден изработувач на бурек, бидејќи покрај изработката на бурекот и питите може да биде во комуникација со колеги во погон или со потрошувачи во мали локални бурекџилници, треба да ги познава основите на деловната комункацијата.

Во делот за хигиена, учесниците ќе имаат можност да научат за основните хигиенски правила, кои секој изработувач на бурек или пита треба да ги знае. Дополнително ќе бидат обучени да ги распознаваат видовите труења со храна и нивно спречување, и постапки со расипана храна. Практичната работа ќе се одржи во производствен погон за изработка на бурек и пити. Просториите располагаат со одобрение за работа за санитарни и технички услови, па оттука кандидатите ќе ги изучат неопходните стандарди, поврзани со НАССР ситемот, законите и стандардите во пекарска индустрија.

Преку суровините за работа, учесниците ќе добијат знаење за готови и полуготови производи од тесто. Пакувањето и складирањето е исто така многу битно, па оттаму кандидатите ќе го изучат тој дел поврзан со суровините.

Производот кој што го нуди изработувачот на бурек, се бурекот и вртените пити, а при нивна изработка се користат апарати и прибори за изработка. Кандидатите ќе научат како да ги користат сите неопходни алати и прибори за работа, од самиот почеток на процесот на подготовка на тестото, па се до вртењето и добивање финален производ. Во практичниот дел ќе се одредува точна грамажа на тестото и фил (во зависност каков бурек или пита правиме…фил за месо, урда, спанаќ и др.). Доколку на краевите се од корите некаде се појават мали ивици се користат дерилици за тесто, кои тоа го корегираат и сето тоа е многу битно за квалитетот на крајниот производ. Користењето и одржувањето на апаратите и приборот е неопходен дел од обуката. За подготовка на тестото се користи брашно, сол и вода. Брашното, кое е наменско, се изработува од зрна од пченица, односно срцевината на зрното, со отстранување на лушпите. Доколку се употребат квасни додатоци, тогаш тестото ќе биде наменето за други производи, како што се лиснати теста, кифли и сл. Многу битен дел е дека изработувачот на бурек не користи квас и слични додатоци. Откако ќе ги подготви топките со тесто, или ги добие преку дозирање од апарат, изработувачот на бурек, чека мал период тестото да стаса и преминува кон тегнење на корите, кои ги поставува на работна површина ги премачкува со масло за јадење и го нанесува филот. Потоа мајсторот и склопува корите и финалниот производ го става во тафче со големина која е прилагодена според стандардите за изработка на бурек и пити. Сите кандидати ќе го следат овој дел и ќе добијат практична обука, преку која ќе можат да формираат финален продукт. Процесот завршува со печењето на бурекот или питите, нивно складирање и пакување доколку се носат надвор од просториите каде што се подготвува. Доколку бурекот, или питата, е предвидено да се користат подоцна од нивната подготовка (некаде ги подготвуваат попладне или навечер, некаде ги смрзнуваат), кандидатите ќе добијат обука и знаење на која температура треба да се чуваат бурекот и питите и како да се употребуваат.

По завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат „Изработувач на бурек“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Државјанство на Р. Македонија

Наполнети 18 години

Минимум основно образование

Извршен санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

240

Оценување

Вкупен број на часови

300

Датум на верификација

22/01/2020

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content