Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники водекоративниот маникир и педикир, како и правилно користење насредства за работа, опремата, препарати и инвентар.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за декоративен маникир и педикир.
Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 20 часа се стручна теорија, 73 часа се практична обука во реални работни услови и 7 часа се наменети за оценувањено.
Проверка на знаењето и оценувањето ќе се изведува во тек на обуката и на крај од обуката како завршен испит. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви (Напреден курс и Специјализиран курс).