Изработувач и монтажер на плочест мебел

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења ,вештини и компентенции за примена на основните техники при изработка на елементи,конструкции,полупроизводи и производи од плочест материјал и нивно составување и монтирање.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава                                              Модуларни единици во наставната програма се:

  • Познавање на материјалите за плочест мебел
  • Алати,машини и уреди за изработка и монтажа на плочест мебел и заштита при работа
  • Дрвни конструкции на плочест мебел
  • Технологија на изработка и монтирање на плочест мебел
  • Претприемништво и бизнис
  • Практична настава

Времетраење на програмата е 250 часа од кои 75 часа се предвидени за теоретска настава,а 175 часа се предвидени за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок .Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по дрвна индустрија, а практичниот дел со дип. инж. по дрвна индустрија или столар инструктор со 3 год. работно искуство

Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на теорискиот дел од обуката ,а со завршен испит по завршувањето на практичниот дел.По успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнува со сертификат  Изработувач и монтажер на плочест мебел.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата е потребно да имаат завршено најмалку основно образовние  и 17 години старост

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

175

Оценување

Вкупен број на часови

250

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content