Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во козметиката за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опремата, препарати и инвентар.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за козметичар за нега на лице и тело.
Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 25 часа се стручна теорија, 115 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви во козметиката (Напреден курс и Специјализиран курс).