НАДГРАДБА НА ТРЕПКИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за  „Надградба на трепки “е насочена кон стручно оспособување на учесниците од областа на козметиката.

Програмата им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат основните техники на надградбата на трепки , да избираат техники според ликот и типот на лицето, како и стилот на клиентот , да индентификуваат прибор  за надградба на трепки и правилно да ги примениуваат , да се оспособат да го организираат просторот  и работата во салонот  и да воспоставуваат добра комуникација со своите клиенти и соработници.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Програмата за  „Надградба на трепки “е  составена од 70 часа, од кои 30 часа теоретски дел и 40 часа практичен дел.

Програмата е организирана во 3 модули. Модул 1 : Основи на надградбата на трепки. Модул 2 : Естетски третман на око .  Модул 3 : Техники на надградба на трепки.

Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни форми и методи , кои ќе овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите  ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука , усно и писмено, преку практична работа и завршен испит. За секој кандидат се води портфолио.

Стручно теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира наставен кадар  со завршено високо образование , VII/ 1 степен студии по медицина или 240 ЕКТС. Практичниот дел од обуката, ќе го реализира козметичар – сертифициран надградувач на трепки со минимум 5 години работно искуство , со мајсторски испит. По успешното завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се стекнува со сертификат за работна оспособеност за Надградба на трепки.

Верификацијата истекува во февруари 6, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Критериум кој треба учесникот да го поседува за упис на овој курс е  да има наполнето минимум 17  години  и постари учесници со поседување на извод од матична книга на родените како и завршено средно образование ( диплома) со приложена лична карта.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

40

Оценување

10

Вкупен број на часови

70

Датум на верификација

29/11/2022

Скопје

Шминкер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content