ШМИНКЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи од областа на шминкање.

Структурата на програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). Времетраење на програмата е 100 часа.

Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.

Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони и опремени кабинети. Практичниот дел од обуката ќе го реализира лице со работно искуство/шминкер.

Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност, подготвува работно место и клиент за третман, изведува техники на шминкање на лицето, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за „Шминкер”.

 

Верификацијата истекува во февруари 6, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Niveli i arsimit fillor: arsimi fillor dhe mosha të paktën 15 vjeç. Niveli i dëshiruar i arsimimit: arsimi tre ose katërvjeçar (në çdo profesion).

Kërkesa shtesë për aplikantët: nuk kërkohen kërkesa shtesë

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

70

Оценување

10

Вкупен број на часови

100

Датум на верификација

07/12/2022

Shkup

Ракувач на багер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content