Програмата „Филигранист“ се состои од 500 часа, од кои 100 часа се теоретска настава и 400 часа се практична настава. Периодот на реализација на програмата е 6 месеци.
Главна цел на програмата е кандидатите да стекнат компетенции за изработка на накит од филигран почитувајќи ги прописите за работа во филигрантството. Кандидатите преку реализација на модулите ќе стекнат компетенции со кои имаат можност за директно вработување или можност за отворање на сопствен бизнис.
По завршување на програмата секој кандидат ќе може да:
– чита цртежи, изработува шаблони и да дава описи на работните задачи од областа на занимањето;
– планира, подготвува, изведува работи и врши проверка на квалитетот на извршените работи;
– ракува со алати и уреди за изработка, монтирање, корекција, гравирање и одржување на накит;
– одржува техничка исправност на алати, уреди и прибор за работа;
– подготвува материјали за топење, извлекување, обработување, изготвување, лемење, брусење, поставување и составување на елементи;
– изработува, поправа и вградува филигрански производи;
– контролира квалитет на направени или поправени производи и понатамошно прилагодување;
– одржува и гравира сите видови на накит;
– вградува скапоцени и украсни камења во накит;
– познава грешки на накит и накит производи, методи и техники на поправка;
– пакува, складира и соодветно чува филигрантски производи;
– подготвува дневни извештаи за производите и прават основни пресметки за чинење на производот;
– почитува принципи на естетика и обликување на производите;
– ги почитуваат ХТЗ и ППЗ стандардите;
Теоретскиот дел на обуката се одржува во училница која е прилагодена за работа за соодветен број на учесници. Практичниот дел се реализира во филигрантската работилница во Занаетчиска комора Скопје.
Од наставен кадар ќе бидат вклучени за реализација на торетскиот дел – лице со завршени студии по машинство VII/1 степен, и за практичниот дел – филигранист со минимум 5 години работно искуство и сертификат за обучувач за возрасни. За реализација на целите на програмата се користат современи методи и форми на учење. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит, кој се состои од теоретски дел – тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.
По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за стручно оспособување за изработка на накит од филигран. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.
Верификацијата истекува во септември 5, 2025