Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 25 години активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лица од друга страна. Со гордост, може да нотираме дека: на годишно ниво реализираме повеќе од 400 обуки, семинари, работилници, in-house обуки и слично; со опфат на учесници од различни профили (невработени лица, студенти, наставници, вработени во јавна администрација/ приватни компании) од Македонија и регионот. Располагаме со база од врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење со цел унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. секогаш поаѓа од парадигмата дека општество треба да биде засновано на учење и знаење, кое ги поврзува сите нивоа на образование во хармонична и транспарентна целина заснована врз позитивни принципи и цели и во најдобар интерес на слушателите. Ова ќе овозможи создавање услови за развој на сите потенцијали на личноста и реализација на нивните потреби преку партнерство и заедничка одговорност на семејството и општеството, истовремено почитувајќи го принципот на холистички пристап кон развојот на личноста на сите образовни нивоа, без каква било форма на дискриминација. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. континуирано вложува во подигнување на квалитетот на образовните услуги кои ги дава на своите корисници. Во таа насока АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. е акредитирана установа од страна на Министерство за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и обука, Министерство за животна средина, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (образование за возрасни), сертифицирана со ISO 9001: 2015, ISO 17100:2015 и ISO 21001:2018. ЦЕС има воспоставено стратегиски партнерства и континуирано соработува со партнери од повеќе Европски земји (Романија, Словенија, Португалија, Италија, Бугарија, Полска, Германија, Словенија, Шпанија, Австрија, Хрватска, Норвешка, Турција). Преку таквите партнерства, заеднички се креираат нови модерни програми за обуки согласно Европските текови, се подобруваат постоечките, се разменуваат искуства, се прават анализи и стратегии за подигнување на квалитетот и понудата на образование, како и усогласување со потребите на пазарот на труд. Се реализираат мобилности и обуки на кандидати кои веќе посетуваат обука во нашите центри со цел нивно практично усовршување и стекнување компетенции во интернационална средина при тоа разменувајќи искуства, знаења, вештини и добри практики, како и стекнување нови компетенции кој ќе им овозможат полесна интеграција во пазарот на трудот и побрзо вработување/или самовработување. Кандидатите по завршување на обуките добиваат сертификат/диплома кој има статус на државна диплома со која имаат право да се вработат или да отворат сопствен бизнис. Кандидатите кои ќе посетат интернационална практична обука во европска држава добиваат Европски признаен сертификат- Europass Certificate. Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори: 1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви 2. Образование на возрасни – за личен и професионален развој 3. Обуки за вработени во јавна администрација 4. Јазични вештини и преводи 5. Обуки за наставници 6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата „Службеник во сметководство“ е да овозможи работно оспособување на учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за самостојно да изработува документација за трговски друштва кои се занимаваат со производство, трговија, набавка, продажба на суровини, испорака, продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да следи и операционализира промени во потребни сметководствени процеси, спроведува законска регулатива, соработува со вработени и тимот во компанија,  деловни партнери, институциите, клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работа, комуницира со клиенти и деловни партнери.

Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 30 часа се теорија, 70 часа припаѓаат на практична обука.

Проверување на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит. Завршниот испитот, исто така се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења на соодветна локација. По успешно положениот завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат – „Службеник во сметководство“.

Верификацијата истекува во октомври 6, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

завршено најмалку средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

70

Оценување

0

Вкупен број на часови

100

Датум на верификација

06/10/2023

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content