Готвач во угостителски објект

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со  тримесечно времетраење, 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во кујни од ресторани и хотели. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да ја подготвува и организира работата; да комуницира со соработниците; да ја користи пропишаната работна облека; да ги составува листата на јадења и менијата за редовните и вонредните оброци; да приготвува ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основи, сосови и фондови, јадења од месо, риби, прилози, национални јадења, салати; да сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови; да ја води и ажурира евиденцијата за работата во кујната; да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите; да ги извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината; да ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. За успешно завршување учесникот се стекнува со сертификат по верифицирана програма

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

  • изведува работи и работни задачи Готвач во угостителски објект;
  • комуницира со соработниците;
  • составува листа на јадења и менија за редовни и вонредни оброци;
  • приготвува различни видови ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основи, сосови и фондови, јадења од месо, риби со прилози, национални јадења, салати;
  • сервира, декорира и испорачува јадењата во соодветни садови;
  • води и ажурира евиденција за работата во кујната;
  • работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, прописите за заштита на работа;
  • ги познава правата од работен однос.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст. Санитарна книшка

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

64

Пракса

224

Оценување

32

Вкупен број на часови

320

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

  • изведува работи и работни задачи Готвач во угостителски објект;
  • комуницира со соработниците;
  • составува листа на јадења и менија за редовни и вонредни оброци;
  • приготвува различни видови ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основи, сосови и фондови, јадења од месо, риби со прилози, национални јадења, салати;
  • сервира, декорира и испорачува јадењата во соодветни садови;
  • води и ажурира евиденција за работата во кујната;
  • работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, прописите за заштита на работа;
  • ги познава правата од работен однос.

Датум на верификација

06/05/2019

Тетово

ФРИЗЕР

ЗАВАРУВАЧ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content