СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел за реализација на програмата службеник во сметководство е учеснкот по завршување на обуката да се стекне со знаења, вештини и компетенции за правна рамка која го регулира трговското право, основите на администрирањето на бизнисот, даночната легислатива, изготвување на сметководствените документи кои се резултат на деловните процеси врзани со трговијата на мало и големо, напредни сметководствени операции за евиденција на настаните во системот на финансиско сметководство, составување на основни даночни извештаи под надзор на Управата за јавни приходи, операциите поврзани со составување на задолжителни годишни финансиски извештаи пропишани со Законот за трговски друштва кои се поднесуваат до Централниот регистар.

Начин на реализација на програмата опфаќа теоретски, практичен дел и часови за проверка на знаењето. Теоретскиот дел се базира на модуларни единици со кои учесникот на обуката се стекнува со потребни теоретски знаења кои се основа за понатамошната практична работа. Практичниот дел од програмата се однесува на работата на софтверот за сметководствено работење каде учесникот на обуката, покрај тоа што ќе се стекнат со знаење за практична работа, се развива логика за начинот на кој сметководствените процеси може да се автоматизираат заради остварување на оптимализација на процесите поврзани со работните активности во овој домен и зголемување на ефикасноста при еднакво ниво на ефективност во работата.

Времетраење за реализација на програмата е вкупно 200 часа, од кои 60 за теорија и 140 за пракса. По успешно завршување на обуката слушателите се стекнуваат со сертификат за успешно завршена обука „Службеник во сметководство“.

Верификацијата истекува во јули 28, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

минимум завршено четиригодишно средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

140

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content