ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЛЕБ, БУРЕК И БЕЛИ ПЕЧИВА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Основна цел на програмата е да се оспособат лица да изведуваат работни задачи за занимањето Производител на леб, бурек и бели печива. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Производител на леб, бурек и бели печива во пекара. Програмата е во времетраење од три месеци или 220 часа, каде се опфаќаат  практични и теоретски содржини кои ќе се реализираат во просториите на ТЦМ Пела Гостивар специјализирани пекари кај работодавачи.

Реализацијата ќе започне со теоретскиот дел, чие успешно завршување е услов за вклучување во практичниот дел на обуката. Преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото. Практичната обука ќе се реализира во специјализирани пекари. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен пекар кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности. На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.

Верификацијата истекува во октомври 9, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот треба да има завршено минимум основно образование, извршен здравствено санитарен преглед

Возраст над 16 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

72

Пракса

148

Оценување

Вкупен број на часови

220

Датум на верификација

09/10/2023

-

Изработувач на пица

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content