Оператор на автоматизирани хидраулични и пневматски системи во индустријата (Индустрија 4.0)

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Остварувањето на основните цели поставени со оваа програма:

–              развој на нови и млади стручни кадри кои се недостаток во индустријата

–              усовршување и унапредување на знаењата на веќе искусните кадри во областа на автоматизација на хидраулични и пневматски системи во индустријата како и во областа на мерењата.

–              стекнување знаења и усовршување на луѓето кои поради пандемијата останаа без работа во други сектори и со тоа стекнување вештини барани на пазарот

–              обучување на кадри кои се според барањата на фирмите вклучени во програмата

Пренесувањето на знаењата и презентациите на материјалите преку ангажирање универзитетски професори и соработници пред се од МФС кои имаат долгогодишно искуство во оваа област и учество на професионалци од праксата како ментори при обуките кои ќе се реализираат во претпријатијата. Програмата е наменета за повеќе типови на целни групи, каде што, за секој од нив се наоѓа соодветно место и се споделува доволно количество на знаење.

Објаснување на програмата

Програмата ќе биде во времетраење од 12 месеци и содржи 3 модули. Секој модул ќе се реализира во времетраење од 4 месеци, редоследно. После секој модул ќе се изврши проверка на знаењата а предвиден е и завршен испит. Во текот на дефинирање на насловите и содржината на модулите направени се консултации со фирми кои работат во областа опфатена со програмата. За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали, проследени со Power point презентации како и испитни прашања за проверка на знаењето на слушателите.

Програмата е од типот на кооперативни обуки. Според тоа програмата за кооперативна обука ги вклучува следните активности: (1) време за теоретски лекции во училница, (2) време за обука за практични вештини во лабораториите и работилниците на факултетот, и (3) време за обука поврзана со работниот процес во претпријатието. Притоа времето за обука во претпријатието е мин. 25% од целокупното времетраење на обуката. Заради ова, проверката на знаењата вклучува: проверка на знаењата преку тест (на крајот од секој модул), проверка на знаењата преку успешно изведување на практични вежби во лабораторија (во текот на изведувањето на лабораториските вежби), проверка на знаењата преку успешно завршување на практичните обуки во фирмите подржувачи на програмата (на крајот од секој модул) и завршен испит на кој кандидатите ќе имаат самостојана работа на вистински индустриски проблем (на крај од прграмата).

Наставата во образовната институција ќе се изведува во попладневните часови во времетраење од 8 часа неделно (два дена по четири часа), според претходно доставен распоред за динамика на наставата. Практичната настава ќе се изведува во фирми според претходно доставен распоред за динамика на работа претежно во текот на летните периоди (минимум 15 работни денови по 8 саати)

Проверката на знаењето ќе се одвива во текот на јануари, мај и септември, од комисија составена од наставниците и експертите од практиката координатори на програмата од претпријатието.

Сертификат

Предвидено е кандидатите, кои успешно ќе ја реализираат програмата и ќе покажат соодветно ниво на знаење на крајниот испит, да добијат:

Сертификат за оператор на автоматизирани хидраулични и пневматски системи во индустријата (Индустрија 4.0)

според пропишаниот стандард на ЈУ Центар за образовнаие на возрасни.

Верификацијата истекува во март 30, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено четиригодишно средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

240

Пракса

120

Оценување

Вкупен број на часови

360

Датум на верификација

30/03/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content