Оператор за комјутерски системи и мрежи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата:

Главната цел на програмата Оператор за компјутерски системи и мрежи е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции за идентификување видови компјутерски мрежи, работење со мрежни уреди и медиуми за пренос на податоци, конфигурирање IP адреси, објаснување мрежни порти и протоколи, тестирања на мрежно ниво, конфигурирање на свич и рутер, опишување видови на Сервер оперативни системи, инсталирање на Сервер оперативни системи, администрирање на корисници со примена на Active Directory и Group Policy, користење алатки за управување со системи (Server Manager, PowerShell), креирање на Backup активности, изведување на виртуелизација, користeње на Microsoft Azure Active Directory, централизирана антивирусна, антиспам и антималвер заштита а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.

Начин на реализација:

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за Оператор за компјутерски системи и мрежи.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно интерни наставни програми со примена на Open Source технологии и алатки.

Модули на програмата:

  1. Компјутерски мрежи
  2. Компјутерски системи

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 225 наставни часа, од кои 110 часа се теоретска обука, 115 часа практична обука. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.

 

Вреднување на постигнувањата

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).

На крај се изработува и презентира завршна проектна задача во која се применуваат технологии и алатки за инсталирање и одржување на компјутерски системи и мрежи, преку што се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • идентификува видови компјутерски мрежи,
  • работи со мрежни уреди и медиуми за пренос на податоци,
  • конфигурира IP адреси,
  • објаснува мрежни порти и протоколи,
  • тестира на мрежно ниво,
  • конфигурира свич и рутер,
  • опишува видови на Сервер оперативни системи,
  • инсталира Сервер оперативни системи,
  • администрира корисници со примена на Active Directory и Group Policy,
  • користи алатки за управување со системи (Server Manager, PowerShell),
  • креира Backup активности,
  • изведува виртуелизација,
  • користи Microsoft Azure Active Directory,
  • користи централизирана антивирусна, антиспам и антималвер заштита

Сертификат

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена посебна програма „ Оператор за компјутерски системи и мрежи “.

 

Просторни услови

Наставата се одвива во специјализирана компјутерска просторија со потребна опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со инсталиран оперативен систем и соодветните софтвери за реализирање на целосната програма.

 

Напредување од програмата

Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во програмирањето, како и препознатливост на професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа.

Верификацијата истекува во декември 14, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësi në program do të mund të regjistrohet nëse ka:

– të ketë përfunduar arsimin fillor (ose të lartë) me njohuri të sistemeve informative MS Windows, Office dhe Internet.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

110

Пракса

115

Оценување

Вкупен број на часови

225

Датум на верификација

14/12/2022

Kumanovë

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content