Главна цел на програмата:
Главната цел на програмата Оператор за компјутерски системи и мрежи е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции за идентификување видови компјутерски мрежи, работење со мрежни уреди и медиуми за пренос на податоци, конфигурирање IP адреси, објаснување мрежни порти и протоколи, тестирања на мрежно ниво, конфигурирање на свич и рутер, опишување видови на Сервер оперативни системи, инсталирање на Сервер оперативни системи, администрирање на корисници со примена на Active Directory и Group Policy, користење алатки за управување со системи (Server Manager, PowerShell), креирање на Backup активности, изведување на виртуелизација, користeње на Microsoft Azure Active Directory, централизирана антивирусна, антиспам и антималвер заштита а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.
Начин на реализација:
Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за Оператор за компјутерски системи и мрежи.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно интерни наставни програми со примена на Open Source технологии и алатки.
Модули на програмата:
- Компјутерски мрежи
- Компјутерски системи
Времетраење:
Времетраењето на програмата е 225 наставни часа, од кои 110 часа се теоретска обука, 115 часа практична обука. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.
Вреднување на постигнувањата
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).
На крај се изработува и презентира завршна проектна задача во која се применуваат технологии и алатки за инсталирање и одржување на компјутерски системи и мрежи, преку што се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.
По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
- идентификува видови компјутерски мрежи,
- работи со мрежни уреди и медиуми за пренос на податоци,
- конфигурира IP адреси,
- објаснува мрежни порти и протоколи,
- тестира на мрежно ниво,
- конфигурира свич и рутер,
- опишува видови на Сервер оперативни системи,
- инсталира Сервер оперативни системи,
- администрира корисници со примена на Active Directory и Group Policy,
- користи алатки за управување со системи (Server Manager, PowerShell),
- креира Backup активности,
- изведува виртуелизација,
- користи Microsoft Azure Active Directory,
- користи централизирана антивирусна, антиспам и антималвер заштита
Сертификат
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена посебна програма „ Оператор за компјутерски системи и мрежи “.
Просторни услови
Наставата се одвива во специјализирана компјутерска просторија со потребна опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со инсталиран оперативен систем и соодветните софтвери за реализирање на целосната програма.
Напредување од програмата
Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во програмирањето, како и препознатливост на професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа.
Верификацијата истекува во декември 14, 2025