Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со тримесечно времетраење, односно 200 часа и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 64 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 136 часа и се изведува во институции за сместување на стари лица, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.
Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно и под надзор на стручно лице во институции/установи.
Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со возрасни лица, со примена на основните знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината
Верификацијата истекува во ноември 16, 2026