Масер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата Масер е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за самостојна примена на техники на масажа на тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опрема, производи и инвентар. Начинот на реализацијата на програмата е преку теоретската настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за работно оспособување за масер.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 40 часа стручна теорија, 160  часа се практична обука.

Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1. Планирање и организирање на работата и просторот во козметичкиот салон.  Модул 2. Анатомија и физиологија на човечкото тело.  Модул 3. Општо за масажа на тело.  Модул 4. Техники на масажа на тело.

Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Од наставен кадар ќе бидат вклучени за реализација на торетскиот дел – лице со завршени студии по медицина VII/1 степен или 240 ЕКТС,  и за практичниот дел – козметичар, масер со минимум 5 години работно искуство и положен мајсторски испит. За реализација на целите на програмата се користат современи методи и форми на учење. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит, кој се состои од теоретски дел – тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.

По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за стручно оспособување по програма за Масер.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.  

Верификацијата истекува во септември 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Për t’u regjistruar në program, pjesëmarrësi duhet të ketë të paktën arsim fillor dhe të jetë mbi 15 vjeç. Është e dëshirueshme që një pjesëmarrës të regjistrohet në program të jetë person me arsim të mesëm ose të lartë.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

160

Оценување

Вкупен број на часови

200

ПОВРЗАНИ ПРОГРАМИ

Датум на верификација

13/09/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content