Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 16 години да изведуваат работни задачи за занимањето Готвач/ка. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Готвач/ка во угостителски објект. Програмата е во времетраење од три месеци или 220 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во просториите на ТЦМ Пела, специјализирани угостителски објекти кај работодавачи.
Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Практичната обука ќе се реализира во специјализирани угостителски објекти. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен готвач кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности. На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.
Верификацијата истекува во септември 25, 2026