Организатор на настани

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за планирање, организација и реализација на свечени, обредно-ритуални, културно-забавни, корпоративни и останати настанати, координација на тимот, примена на мерки за заштита при работа и заштита на животната средина, почитување и примена на законски прописи, кодекс на однесување, работна етика, различни култури и обичаи, воспоставување на контакти со клиенти, соработници, добавувачи и  даватели на услуги и др.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач – лице со завршени студии по менаџмент, а практичната обука ќе се реализира на терен во компании кои работат во областа на организирање и реализација на настани. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите модули преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“.

Верификацијата истекува во март 14, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците да имаат завршено минимум средно образование и да се постари од 17 години.

Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

140

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

14/03/2022

Штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content