Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Службеник во сметководство“.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 25 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет, а практичната обука се одвива во простории опремени за реализација на обуката преку практични вежби од сметководствени работи. Практичната обука се реализира преку реални вежби од: работа на документација од трговски друштва кои се занимаваат со производство и трговија; набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни сметководствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува со останатите вработени и тимот, деловните партнери, институциите и/или клиентите со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршувањето на работата, и ќе биде овозможена квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита на работната и животната околина.
Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Службеник во сметководство“.