Негувател/ка на стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во институции или домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе.

Програмата е организирана во пет модули кои му овозможуваат на кандидатот да биде во состојба да:

 

  • Подготвува и организира работно место и начин на комуникација
  • Помага при одржување на лична хигиена,исхрана,транспорт
  • Следи физичките и психичките промени кај старото и немоќно лице
  • Помага при набавка и примање на редовната терапија со лекови
  • Дава прва помош и ги применува на прописите од системот на социјална заштита во делот за стари и немоќни лица

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „ Негувател/ка на стари и немоќни лица“.

Времетраењето на програмата е 230 часа од кои 70 часа теоретска обука, 160 часа се практична обука во реални работни услови. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опремена училница. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат  „Негувател/ка на стари и немоќни лица“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум завршено основно образование и возраст од најмалку 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

70

Пракса

160

Оценување

0

Вкупен број на часови

230

Датум на верификација

08/03/2021

Штип

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content