Германски јазик за возрасни

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на оваа програма е да се овозможи стекнување на знаења, компентенции и унапредување на јазични и комуникациски вештини кај возрасните лица со интерактивен пристап, во однос на германскиот јазик и да се овозможи стандарден модел на евалуација на јазичните компетенции што ќе води до квалификација или сертификат за општо познавање на германскиот јазик по стандардите дефинирани со Заедничката референтна рамка (CEFR), признат и потврден од надлежните институции и како таков конкурентен на пазарот на трудот. Оваа програма е поделена на модули според нивото на познавање на германскиот јазик на учесниците што овозможува постепено усвојување на знаењата и нивна практична примена во секојдневната комуникација. Модулите се поделени на: почетно ниво А1 и основно ниво А2. Времетраење на програмата на секој модул поединечно е 125 часа од кои 45 часа се теоретска обука,80 часа се практична обука .Програмата ќе ја реализираат професори по германски јазик. На кандидатите им е овозможено да се вклучат во модулариот систем на обука според своите предзаења кои се проверуваат преку неформално тестирање и интервју од страна на професорите/обучувачите.Откако ќе се одреди степенот на познавање на германскот јазик, учесниците ќе бидат ставени во групи до 12 учесници, кои ќе посетуваат настава пет пати неделно по 90минути .Предвидените содржини ќе се реализираат според наставната програма за одреден модул, за што има предвидено неформални и формални методи на оценување на знаењето и јазичните компетенции на учесниците во програмата.Неформалните методи за евалуација се проектираат од страна на секој професор/обучувач посебно, во зависност од потребите на соодветната група на возрасни лица кои се учесници во програмата, додека формалната евалуација се состои од два формални тестови: завршен тест на крајот од првиот модул и завршен тест на крајот од вториот модул, проследени со интервју на кое точно се утврдуваат јазичните компетенции на учесниците.По успешно положени тестови и интервјуа на учесниците им се дава сертификат со исказ за степенот на стекнато општо познавање на германскиот јазик според заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Со овој сертификат учесниците може да продолжат да го надоградуваат своето познавање на германскиот јазик и да бидат конкурентни на пазарот на трудот како во земјата така и во странство.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësit në program duhet të kenë përfunduar së paku arsimin fillor dhe të jenë 15 vjeç

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

90

Пракса

160

Оценување

Вкупен број на часови

250

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content