Негувател/ка на лица со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за „Негувател/ка на лица со попречености” има за цел да ги оспособи учесниците за етичките норми и методи за комуникација со лица со попреченост, со примена на вештини за базична нега. Во рамките на оваа програма учесникот ќе има можност да се стекне со знаења, вештини и компетенции за да овозможи да дава помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата,  како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции,  да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

Времетраењето на програмата е 250 часа и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 100 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 150 часа и се изведува во становите на лица со попреченост, домови и/или институции за сместување на лица со попреченост, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

По завршувањето на секој модул се врши усна, писмена и практична изведба на активности за проверка на постигнатите резултатина учење. Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата полагаат завршен испит.

Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит се стекнува со сертификат „Негувател/ка на лица со попречености”.

Верификацијата истекува во март 18, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • Диплома за завршено најмалку средно образование
  • Лекарско уверение за добра психофизичка состојба, наод од брис и грло
  • Постари од 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

100

Пракса

150

Оценување

0

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

18/03/2022

Штип

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content