Програмата за Масер – класична масажа им овозможува на учесниците преку теоретска и практична
настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот за масажа, да разликуваат
локомоторен апарат (апарат за движење, коски, мускули, зглобови), што е масажа, кои движења се
применуваат во масажата, какви видови масажа постојат, индикации и контраиндикации за масажа, да
комуницираат со клиенти и соработници. Времетраењето на програмата е 4 месеци, односно 210 часа, од
кои теорија 42 часа, пракса 147 часа и оценување 21 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира
во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во салон за масажа.
Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен
испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Масер по
верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво.