Негувател/ка на деца

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за  Негувателка на деца    и истата е со  тромесечно времетраење, односно 360 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вежбите и практичната обука. Стручно теоретските содржини се темелат на современи научни сознанија од детските психосоцијални карактеристики на детето и педагогијата за ран детски развој, интеграција и инклузија.

Практичната обука  се изведува преку вежби и практична работа во детски  градинки, центри за ран детски развој, дневен престој под менторство на негователки и воспитувачи со долгогодишно искуство во оваа дејност. Практичната обука се изведува во групи заради поголема ефикасност при реализација на планираните активности. По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата.Учесниците кои со успех ќа ја завршат програмата полагаат завршен испит пред комисија. Учесниците кои  со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат „Негувателка на деца“  по  верифицирана програма од Установа верифицирана од Министерството за образование и наука на РМ. Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи:

-за  изведување на работи и работни задачи негувателка на деца самостојно и во тим

-да ги применува активности според општите знаења  за психосоцијални карактеристики   на детето и  предшколската и школската педагогија и за децата со „потешкотии во развојот“ ,

-за негата и здравјето на детето и активности на детето и дете со „психофизички потешкотии“;

-за одржување на хигиената, задоволување на физиолошките потреби на децата како и примарните и секундарните потреби, начинот на сензорски стимулации, играње и забавување, создавање на поволни услови  и воспитување на децата во семејството и група;

-за воспитување на деца на кратко или подлолго време.во домашни услови;

-за давање прва помош и заштита на здравјето на работа, околината и заштита од елементарни непогоди и пожар и

-да ги практикува основните принципи на работната етика, отварање и водење на мал бизнис.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку средно образование, над 18 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен , уреден брис, доказ за неосудуваност.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

72

Пракса

252

Оценување

36

Вкупен број на часови

360

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи:

-за  изведување на работи и работни задачи негувателка на деца самостојно и во тим

-да ги применува активности според општите знаења  за психосоцијални карактеристики   на детето и  предшколската и школската педагогија и за децата со „потешкотии во развојот“ ,

-за негата и здравјето на детето и активности на детето и дете со „психофизички потешкотии“;

-за одржување на хигиената, задоволување на физиолошките потреби на децата како и примарните и секундарните потреби, начинот на сензорски стимулации, играње и забавување, создавање на поволни услови  и воспитување на децата во семејството и група;

-за воспитување на деца на кратко или подлолго време.во домашни услови;

-за давање прва помош и заштита на здравјето на работа, околината и заштита од елементарни непогоди и пожар и

-да ги практикува основните принципи на работната етика, отварање и водење на мал бизнис.

Датум на верификација

13/05/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content