Негувател/ка на стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата има за цел учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за пружање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови и во специјализирани установи на лица кои поради возраста/староста или хронични болести се изнемоштени и не се во можност да се грижат сами за себе. Програмата е со времетраење од вкупно 300 часа,од кои 100 часа се теорија, 170 часа практична обука и 30 часа оценување. Теоретскиот дел ќе се реализира во опремена училница или кабинет додека практичната реализација на програмата ќе се одвива во здравствена установа или во домови за стари лица. По завршувањето на обуката учесникот ќе се оспособи да ја планира, организира и реализира сопствената работа, да им пружа на старите и изнемоштени лица основна лична нега и хигиена,да мести и менува постелнина, да ги разбира потребите на старите лица, да примети промени во здравјето и да ги извести соодветните лица.

По успешно завршување на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат „Негувател/ка на стари и изнемоштени лица“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

  • планира, подготвува и организира сопствената работа и под надзор на надлежно стручно лице:медицинска сестра или лекар,
  • пружа основна лична нега и хигиена на стари и немоќни лица,
  • помага во извршување на секојдневните активности според потребите, барањата и навиките на старото и немоќно лице,
  • воочува основни промени во здравствената состојба,
  • мери температура и крвен притисок,
  • менува и одржува чиста псотелнина,
  • помага при промена на облека,
  • помага при правилна исхрана согласно здравствената состојба,
  • набавува лекови според препорака на доктор,
  • дава навремено терапија според препораките на доктор,
  • комуницира согласно можностите и потребите на корисникот,
  • користи соодветни средства за дезинфекција,
  • помага при користење на медицински помагала (количка,патерици),
  • ги проверува и ажурира досиејата на корисниците,
  • евидентира параметри на виталните знаци,

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум основно образование

Над 17 год возраст,

Негативен наод од нос и грло

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

100

Пракса

170

Оценување

30

Вкупен број на часови

200

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

  • планира, подготвува и организира сопствената работа и под надзор на надлежно стручно лице:медицинска сестра или лекар,
  • пружа основна лична нега и хигиена на стари и немоќни лица,
  • помага во извршување на секојдневните активности според потребите, барањата и навиките на старото и немоќно лице,
  • воочува основни промени во здравствената состојба,
  • мери температура и крвен притисок,
  • менува и одржува чиста псотелнина,
  • помага при промена на облека,
  • помага при правилна исхрана согласно здравствената состојба,
  • набавува лекови според препорака на доктор,
  • дава навремено терапија според препораките на доктор,
  • комуницира согласно можностите и потребите на корисникот,
  • користи соодветни средства за дезинфекција,
  • помага при користење на медицински помагала (количка,патерици),
  • ги проверува и ажурира досиејата на корисниците,
  • евидентира параметри на виталните знаци,

Датум на верификација

19/09/2019

-

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content