Изработувач на пица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Основна цел на програмата е да се оспособат лица да прават пици. Програмата овозможува работно оспособување за подготвување на пици. Програмата е во времетраење од три месеци или 150 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во опремени училници и пицерии.

Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел по што ќе следува тест за проверка на стекнатите знаења. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото.

Стекнувањето на теоретските знаења  ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Практичната обука ќе се реализира во опремени простории на ТЦМ Пела и пицерии. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен пица мајстор кој редоследно во зависност од сложеноста на задачите ќе ги вклучува кандидатите во практични активности.

Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници согласно нормативот за наставен кадар и пица мајстор со работно искуство.

Со оваа програма учесниците ќе се оспособат да работат како изработувачи на пици и со тоа ќе се оспособат да ја подготвуваат и организираат својата работа, да приготвуваат тесто за пица, да подготвуваат различни видови пици според рецепт,  да печат пици, да приготвуваат преливи, да работат во согласност со прописите и нормативите за заштита на работната средина и околина, да комуницираат со клиенти и со работници.

Верификацијата истекува во октомври 9, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësi duhet të ketë përfunduar së paku arsimin fillor

Mosha mbi 16 vjeç, vërtetim i ekzaminimit të rregullt sanitar

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

100

Оценување

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

09/10/2023

Гостивар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content