Програмата им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат техниките на шминкање, да распознаваат техники според ликот и типот на лицето, како и стилот на клиентот , да индентификуваат прибор за шминкање и правилно да ги примениуваат , да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот и да воспоставуваат добра комуникација со своите клиенти и соработници.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
Стекнатите вештини за шминка ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Програмата за „Шминкер “ е составена од 100 часа, од кои 30 часа теоретски дел и 70 часа практичен дел. Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1 : Основи на шминкање. Модул 2 : Анатомија и физиологија на кожа. Модул 3 : Техники на шминкање. Модул 4: Целна и специјална шминка. Програмата се реализира во простор опремен со надгледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни форми и методи , кои ќе овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата иумеењата во текот на целата обука , усно и писмено, преку практична работа и завршен испит. За секој кандидат се води портфолио. Стручно теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира лице –Дипломиран фармацевт, со ниво на квалификација VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен. Практичниот дел од обуката, ќе го реализира – Сертифициран шминкер, со работно искуство од најмалку 5 години |
Верификацијата истекува во декември 26, 2025