Програмата за „Надградба на трепки “е насочена кон стручно оспособување на учесниците од областа на козметиката.
Програмата им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат основните техники на надградбата на трепки , да избираат техники според ликот и типот на лицето, како и стилот на клиентот , да индентификуваат прибор за надградба на трепки и правилно да ги примениуваат , да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот и да воспоставуваат добра комуникација со своите клиенти и соработници.
Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Програмата за „Надградба на трепки “е составена од 70 часа, од кои 30 часа теоретски дел и 40 часа практичен дел.
Програмата е организирана во 3 модули. Модул 1 : Основи на надградбата на трепки. Модул 2 : Естетски третман на око . Модул 3 : Техники на надградба на трепки.
Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни форми и методи , кои ќе овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука , усно и писмено, преку практична работа и завршен испит. За секој кандидат се води портфолио.
Стручно теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира наставен кадар со завршено високо образование , VII/ 1 степен студии по медицина или 240 ЕКТС. Практичниот дел од обуката, ќе го реализира козметичар – сертифициран надградувач на трепки со минимум 5 години работно искуство , со мајсторски испит. По успешното завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се стекнува со сертификат за работна оспособеност за Надградба на трепки.
