СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

2010 – 2015

Скопје, 2010

1. ВОВЕД

Основна цел на образовната политика на секоја земја е да го оствари правото на учење на секој нејзин жител и да обезбеди можности за стекнување на соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да осигура дека истите поседуваат знаења, вештини и ставови кои се во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот. Правото на учење, според Општата декларација за човечки права на Обединетите нации, е едно од основните човечки права. [1] Поради тоа, образованието мора да биде достапно за секој кој живее на тлото на Република Македонија, без оглед на неговата возраст, пол, религиозна определба, етничка припадност, здравствена состојба и социјална и финансиска положба. Исто така, образованието и обуката мора да ги поседуваат сите услови за ефикасност и ефективност за да бидат во состојба на сите да им пружат доволно општо и стручно образование.

Како што младата возрасна група се намалува, значењето и уделот на повозрасното население во развојот на државата ќе расте . Продуктивноста и ефикасноста ќе расте во на-знаење базираната работа. Современиот труд ќе има потреба од знаења и способности за адаптирање и пресретнување на промените. Современиот труд ќе предизвика намалување на работната сила и ќе ја промовира важноста на образованието и обуката во сите возрасни групи. Слободата на младите луѓе да прават избор на различни стилови на живеење без способности добиени во образованието и културата, може да предизвика проблеми во управувањето со животите и да одведе до ексклузија. Развојот на образованието на возрасните ќе придонесе за создавање на значајни можности за инклузија, партиципација и влијание. Тоа ќе овозможи континуирано стекнување на работни и граѓански компетенции, градење на сопствен идентитет, компетентно управување со сопствениот живот и спречување на ексклузијата.

 

2. ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИТЕ И ДОЖИВОТНОТО УЧЕЊЕ

 

Почетокот на 21-от век претставуваше почеток на ново доба – доба на натпревар во знаењата и учењето за земјите во Европа и светот. Беше постигнат општоприфатен концензус дека знаењето е основна производна сила во општеството и најсилен услов за успешност. Разликите во знаењето и неговата примена се во корелација со разликите според кои државите се делат на развиени или неразвиени, богати или сиромешни.

Заклучоците кои ги донесе Лисабонскиот совет посочија дека успешната транзиција кон економиите и општествата базирање на знаења мора да се темели на концептот на доживотното учење. Европските образовни системи и системите за обука мора да се претворат во јадро од кое ќе почнат промените, поради што и самите мора да се адаптираат.[2] Како резултат на овие иницијативи и искуствата на сите европски земји, Европската комисија во 2000 година изгласа шест основни пораки кои треба да послужат како патоказ во градењето на развојните програми за образование на возрасните и доживотното учење:

  1. Градење на инклузивно општество кое нуди еднакви можности за пристап кон квалитетно учење за сите луѓе во текот на целиот животч
  2. Подеднакво приспособување на начините кои образованието и обуката ги нудат за луѓето да можат да партиципираат во процесот на учењето и да можат самите да планираат како ќе ја креираат својата иднина;
  3. Постигнување на повисоки нивоа на едукација и квалификации во секој сектор, овозможуваќи им на знаењата и вештините да соодветствуваат со барањата на работните места, професиите и работните организации;
  4. Поголеми инвестиции во човечките ресурси;
  5. Иновации во предавањата и учењето;
  6. Евалуација на учењето;
  7. Развивање на советодавни служби и служби за професионална ориентацијач и
  8. Просторно доближување на учењето до луѓето.[3]

Република Македонија во целост ги прифаќа овие пораки и пораките произлезени од документот „Градење на европски простор за доживотно учење„ кои претставуваат јасна основа за нејзината стратегија за образованието на возрасните во контекст на доживотното учење, фокусирани во:

  • развој на партнерски пристап,
  • утврдување на образовните потреби – поединци, организации, пазар на труд и пошироката општествена заедница,
  • осигурување на соодветни ресурси: финансиски, материјални, кадровски, создавање на култура за учење со зголемување на образовни можности, зголемување на бројот на ученици/корисници, создавање на „организација која учи„ и „заедница која учи„,
  • воспоставување на механизми на проценка и осигурување на квалитетот, евалуација и контрола за осигурување на континуиран развој и унапредување.[4]

Развивањето на концептот на доживотното учење резултира со одржување и сочувување на позитивниот и активен приод кон учењето на сите возрасти во текот на целиот живот во рамките на трите вида во кои се манифестира самото образование и учењето:

  • Формално образование/учење, кое се одвива во рамки на различни образовни институции и преку кое се стекнуваат признати дипломи и квалификации.
  • Неформално образование/учење, кое се одвива независно од официалниот образовен систем и вообичаено не води кон стекнување на официјални потврди. Ова образование може да биде организирано на работното место и преку активности на различни друштва или здруженија. Вакво образование може да се добие, исто така, и преку организации и услуги кои служат како дополнување на формалниот систем за образование, како што се музички училишта, спортски клубови, приватни обуки и сл.
  • Информално образование/учење, кое е природна појава во секојдневниот живот. За разлика од формалното и неформалното образование/учење, информалното учење не мора да се одвива свесно поради што поединците и сами не го препознаваат како фактор кој придонесува за зголемување на нивните знаења и вештини.[5]

Во минатото формалното образование го одредувало водењето на политиката, одредувајќи го начинот на стекнување на образованието и усовршувањето и влијаејќи на ставот на луѓето за тоа што се смета за учење. Во континуитетот на доживотното учење повеќе доаѓа до израз неформалното и информалното образование и учење. Неформалното образование, според дефиницијата, се одвива надвор од училиштата, факултетите и центрите за обуки. Вообиќаено не се смета за „вистинско„ образование, а ниту така стекнатото знаење има голема вредност на пазарот на работна сила. Поради тоа, неформалното образование, најчесто е потценувано.

Сепак, се чини дека учењето во информалните ситуации за учење е потполно заборавено, и покрај тоа што тоа е најстариот начин на усвојување на знаења и сеуште е еден од главните начини на учење во раното детство. Фактот што компјутерската технологија попрво се устоличи во домаќинствата отколку во училиштата ја потврдува важноста на информалното образование. Во информалните ситуации лежи огромна резерва на можности за усвојување на знаења поради што во иднина би можеле да бидат извор на иновации во методите на учење и подучување.[6]Поради тоа, се понагласена е потребата од изнаоѓање на ефикасни механизми за негово официјално препознаање и признавање.

Очигледно е дека образованието на возрасните има се поголемото значење и удел во дизајнирање на човечкиот живот, работа и успешност, поради што се јавува потребата од менување на неговиот досегашен статус на образовна надградба и/или индивидуална авантура и негово промовирање во составен елемент на глобалниот образовен систем на земјата. Таквиот статус на образованието на возрасните мора да биде следен и поддржан со: јасно дефинирана правна регулатива, регулирани права и обврски во сферата на финансирањето на национално и локално ниво, изградена, развиена и на квалитет базирана институциона мрежа на даватели на образовни услуги, транспарентна и на евалуација на резултатите поставена работа.

За успешно реализирање на концептот на доживотното учење потребно е децата и младите уште во текот на нивното базично образование да се стекнат со способности и навики за доживотно учење.

Не треба да се очекува целокупната одговорност за јакнењето на интелектуалните капацитети на државата, оспособувањето на младите и возрасните за ефикасна работна и социјална инклузија и партиципација во процесите на одлучување и управување да се препушти само на формалното образование. Поради тоа, во наредниот период, оваа стратегија треба да придонесе да се преземат мерки за засилување на соработката меѓу институциите за формално образование и институциите и формите на неформално образование. Во тој домен, важна претпоставка ќе биде градење на ефикасна врска со невладиниот сектор и негово промовирање во клучен партнер во развојот на образованието и земјата во целост. За таа цел, потребно е да се изградат механизми и да се оствари динамична соработка и поделба на одговорностите и активностите, во согласност со приоритетите на државата, меѓу Владата и навладиниот сектор.

 

3. ЦЕЛИ НА СТРАТЕГИЈАТА

Прифаќањето на концептот на доживотното учење како основа на глобалниот образовен систем ги детерминира и целите на образованието на возрасните. Поради тоа, целите на оваа стратегија е да се:

  • развие систем за образование и учење на возрасните кој ќе им овозможи на сите жители во Република Македонија еднакви можности за партиципација во квалитетно учење во текот на целиот нивен живот и во кој образовната понуда ќе се темели на барањата и потребите за учење кои произлегуваат од сите сфери на човечката манифестација;
  • донесат мерки за заедничко и ускладено делување на клучните партнери во образованието на возрасните,
  • создадат законски и стручни претпоставки за трансформирање на образованието на возрасните во важен и составен елемент на глобалниот образовен систем во Република Македонија,
  • развијат можности за стекнување на знаења, вештини и вредности од страна на возрасните, кои се бараат за подобрување на квалитетот на животот[7],
  • зголемат можностите за образовен избор,
  • развие образование на возрасни кое ќе биде во функција на општествената кохезија,
  • развијат можности за образование и обука кои соодветно ќе одговараат на очекувањата, аспирациите и потребите на различните групи од постојната и потенцијалната работна сила,
  • развие образование и обука на возрасните за динамичните промени во сферата на трудот и животот,
  • поттикнува и оспособува населението за учество во сите сфери на современиот живот, особено во општествениот и политичкиот живот на сите нивои, вклучително и европското ниво[8]
  • ефикасно да се поврзат учењето и работата.

Остварувањето на овие цели бара мобилност на сите клучни фактори во државата и остварување на партнерски однос во реализацијата на активностите. Од аспект на образованието на возрасните, овој партнерски однос мора да резултира со:

  • развој на специјализирани институции кои ќе остварат координација на активностите во сферата на образованието на возрасните и ќе го регулираат пазарот на образовна побарувачка и понуда;
  • перманентен мониторинг врз ризичните групи кои тендираат да станат долготрајно невработени;
  • мобилност на службите за вработување и советодавна дејност;
  • успешна антиципација на идните образовни потреби и работни места ;
  • поголемо насочување кон знаењата и вештините кои се потребни на претпријатијата и локалната економија;
  • апликација на комбинирани мерки на обука и работно искуство (сендвич метод);
  • развиен информациски систем за пазарот на трудот и можностите кои ги нуди;
  • давање предност на способностите, а не на сертификатот;
  • активен однос на социјалните партнери (државата, синдикатите и претпријатијата);
  • развој на пошироките институции и помошните структури (целодневна и парт- тиме работа, самовработување, образование и обука, поврзување на семејството и работата);
  • афирмирање на концептот на транзиционален пазар на трудот, со краткотрајни работни места кои помагаат да се одржува или поврати работоспособноста; и
  • навременост на акцијата.

Владата на Република Македонија мора да настојува да создаде позитивна атмосфера за континуирано учење и саморазвој за сите популациски групи. Во овој контекст, важно ќе биде мобилизирањето на оние популациски групи на кои поради различни причини им застарело знаењето, не располагаат со соодветни компетенции или останале образовно хендикепирани, како на пример: невработените, неписмените и маргиналните групи. Соработката меѓу различните субјекти во образованието, јавниот и приватниот сектор, невладините организации и волонтерските здруженија, ќе биде исклучително значајна за остварување на засилена образовна мобилност на младите и возрасните. Во таа смисла, ќе се даде силна поддршка на активностите на невладините и волонтерските активности на полето на образованието на возрасните.

4. ПОЗАДИНА

Стратегијата за образованието на возрасните во Република Македонија во контекст на доживотното учење (2009-2014) е резултат од проектот кој го реализира Министерството за образование и наука на Република Македонија. Оваа стратегија претставува надградба на „Стратегијата за образование на возрасните во контекст на доживотното учење„, изработена од МОН и ЕТФ во 2006 година а содржана во „Националната програма за развој на образованието во Република Македонија – 2005-2015„.

Презентираната состојба со образованието на возрасните претставува резултат на напорот на членовите на Советот за образование на возрасните и Центарот за образование на возрасните, кои во периодот од јуни до септември 2009 година, го подготвија овој Предлог на стратегија.

На сите поединци и институции кои подарија дел од своето слободно време, вложија енергија и ги ставија своите капацитети на располагање во сите фази на изработката на овој документ, најсрдечно им благодариме.

Стратегијата за образование на возрасните остварува комуникација со сите образовни развојни документи во Република Македонија и во Европа. Особена релација е воспоставена со Националната програма за развој на образованието во Република Македонија (2005-2015), како и посебните програми за развој на основното, средното/постсредното и високото образование. Многу решенија кои се понудени во овие документи овде не се спомнати со цел да не се оптоварува документот со она што е веќе зацртано, треба или веќе се реализира. Со самото тоа, овој документ станува интегрален дел од вкупниот пакет мерки кои МОН и Владата на Република Македонија ги подготвија за интервенции во образовната сфера.

 

5. ОКРУЖУВАЊЕ

  • Македонското општество е развиено врз база на плуралитет и различитост на вредностите.
  • Традициите се уште претставуваат значајни извори на вредности.
  • Локалните, националните, етничките и религиозните фактори и во иднина ќе се манифестираат како важни спротивности на глобализацијата.

 

 

5.1. Население

  • Според резултатите од пописот на населението од 2002 година, во Република Македонија живеат 2,022,547 жители од кои 1,015,377 се од машки (50,20%) а 1,007,170 од женски пол (49,80%). Во 2007 во Република Македонија имаше 2.043.559 жители од кои 1.024.489 се од машки (50,13%) а 1.019.070 од женски пол (49,87%)[9].
  • Општа карактеристика за движењето на населението во Република Македонија е благото намалување на прирастот на населението. Природната стапка на прираст на населението која во 1990 година изнесувала 9,70 во 2002 година е намалена на 4,80, а во 2007 година изнесувала 1,5[10].
  • Во последната декада има појава на намалување на стапката на прираст и на децата. Од 34,608 живородени деца во 1989 година овој број се намалил на 27,761 деца во 2002 година. Бројот на живородени деца во 2007 е 22.688[11].
  • Населението на возраст со 65 и повеќе години во 1991 година учествувало во вкупното население со 8,15%, додека во 2002 година тоа учествува со 10,57% и се очекува во 2015 година да изнесува близу 14%. Во 2007 година населението на возраст со 65 и повеќе години изнесуваше 11,29[12].
  • Вкупното население во Република Македонија го сочинуваат 11,70% земјоделско и 88,30% неземјоделско население. (кое е земјоделско население)?
  • Близу половината од населението (49,39%), на возраст поголема од 15 години, го карактеризира неповолно образовно ниво. Од нив, без образование се 3,85%, со незавршено основно образование – 10,77% и со комплетирано основно образование 34,77%. Со стекнато средно образование се 40,09%, со вишо 3,24% и со високо образование 7,28%. Образовната структура на населението на 15 години покажува дека во 2007 година без образование се 1,7%, со незавршено основно образование – 3,9% и со комплетирано основно образование 22,7%. Со стекнато тригодишно средно образование се 13,2%, со четиригодишно средно образование се 42,2%, со вишо 4,0% и со високо образование 13,0%[13].

5.2. Работна сила

  • Вкупната работна сила во Република Македонија изнесува 56,29% од работоспособното население[14]. 22% од работната сила е вклучена во земјоделски дејности, 34% во индустриски дејности и 44% во услужни дејности.
  • Во 2005 година степенот на невработеност достигна 38,8% од активната популација на возраст од 15 – 64 години како резултат од зголемена партиципација и намалените можности за вработување. И покрај тоа што нема прецизни податоци останува убедувањето дека голем дел од регистрираните невработени остваруваат работен ангажман на црниот пазар. Истражувањето на Агенцијата за вработување покажа дека голем број од невработените се пријавуваат во Агенцијата само поради здравствено осигурување што статусот невработен им го овозможува.
  • Образовната структура на вработените покажува дека без образование и со некомплетно основно образование се 5,4%, со комплетирано основно образование се 20,9%, со тригодишна средно образование се 11,1%, со четиригодишно средно образование се 42,1%, со постсредно образование се 5,6%, и со универзитетско образование се 15,0%. Образовната структура на вработените во 2007 година: без образование 1,1%, со некомплетно основно образование се 4,2%, со комплетирано основно образование се 20,7%, со тригодишна средно образование се 12,1%, со четиригодишно средно образование се 42,1%, со постсредно (више) образование се 4,4%, и со универзитетско образование се 15,5%[15].
  • Образовната структура на невработените покажува дека без образование и со некомплетно основно образование се 6.6%, со комплетирано основно образование се 31,5%, со 3-години средно образование се 14,4%, со четиригодишно средно образование се 39,8%, со пост-средно образование се 2,0%, и со универзитетско образование се 5,8%. Во 2007 година образовната структура на невработените е следната: без образование 1,7%, со некомплетно основно образование се 4,7%, со комплетирано основно образование се 29,5%, со 3-години средно образование се 15,3%, со четиригодишно средно образование се 39,3%, со пост-средно (више) образование се 2,1%, и со универзитетско образование се 7,4%[16].
  • Највисока стапка на невработеност имаат лицата кои поседуваат средно или пониско образование (вкупно 46,1% во 2004). Најниска стапка на невработеност имаат лицата со завршено високо образование (вкупно 18,3% во 2004).
  • Според должината на невработеноста 44,60% 39,33%[17] од невработените со високо образование чекаат за вработување повеќе од 4 години. Овој период се зголемува за останатите образовни групи и најголем е кај невработените со непотполно основно (72,40%) 75,37% и без образование (61,16%). Според должината на невработеноста во 2007 година 39,33% од невработените со високо образование чекаат за вработување повеќе од 4 години. Овој период се зголемува за останатите образовни групи и најголем е кај невработените со непотполно основно 75,37% и без образование 73,53%[18].
  • Долгорочната невработеност претставува сериозен проблем за Република Македонија, што од аспект на застарување на компетенциите, т.е. намалувањето на работоспособноста на населението има големо значење. Долгорочната невработеност има свој дел во вкупната невработеност од 80%, што е многу над просекот на земјите од Централна и Источна Европа (55,3% во 2002) и просекот во ЕУ-15 (40,2%).
  • Невработеноста најсериозно ја погодува ромската популација. Според ОЕЦД 90% од нив се невработени, а според УНДП истражувањето од 2001 година само 2% од вкупниот број на вработени поседуваат образование повисоко од основно, додека 75% поседуваат некомплетно основно образование.
  • Невработеноста кај младите достигнува 67,6% (кои се сметаат за млади?) од вкупната невработеност во 2004 година. Невработеноста во примарната возрасна група (25-54 години) е зголемен од 28,6% во 1998 година на 33,5% во 2004 година 24,21%[19].
  • Во групата на вработени, лицата на возраст од 15-19 години учествуваат со 1,6% 1,8%[20], додека во групата на невработени истата возраст учествува со 5,4% 4,7%[21]. Слична е состојбата и со возраста од 20-24 години. Оваа возраст во групата на вработените учествува со 5,8% 6,5%[22], додека во групата на невработените учествува со 19% 16,4%[23].
  • Во Македонија постојат 148 727 деловни субјекти, од кои 132 934 или 89,38% се во приватна сопственост, 1911 или 1,28% се во мешовита сопственост, 1 741 или 1,17% се во задружна сопственост), 437 или 0,29% се државни и 11 704 или 7,87% се во општествена сопственост.
  • Форсирањето на развојот на малите и средните претпријатија, како и зголемувањето на вработувањето преку проширување на индустрискиот и услужниот сектор тешко се одвива заради забавениот економски развој и намалената финансиска моќ на населението.
  • Во изминатиот период приватниот сектор понуди мали можности за вработување и најчесто беше следен со голем ризик и несигурност за вработените во него. И покрај тоа што уделот на приватниот сектор во вработувањето се зголемува од 41,6% во 1999 година на 56,7% во 2004 година 71,4%[24], сепак тој не успеа да акумулира голем дел од работниците кои ја напуштија јавната администрација, како последица на финансиските аранжмани на Светската банка и ММФ и заложбите за мала и ефикасна администрација на Владата на Република Македонија. Најголем дел од вработувањата се остварија во приватниот земјоделски сектор (86,1% од вкупното вработување во земјоделскиот сектор)[25].
  • Индустрискиот сектор е сеуште доминантно поле за пласман на работната сила за разлика од секторот на услугите и сервисните дејности, кои иако во последно време бележат благ пораст, с$ уште не се доволно изразени за да може да се зборува за драстични нарушувања во преминот на работната сила од еден во друг сектор.

 

6. ПРЕГЛЕД НА КЛУЧНИТЕ ПРАШАЊА И ИНДИКАТОРИ

Како резултат на активностите на работната група и увидот во документацијата и статистичките податоци, може да се истакнат повеќе глобални карактеристики на образованието на возрасните во Република Македонија:

  • Општите карактеристики на образованието на возрасните во Република Македонија се: системот за образование на возрасните не е доволно развиен, изгубена е културата на учење кај населението, не постои координација и соработка меѓу партнерите, слаба транспарентност и достапност на образовната понуда, слаба адекватност на образовната понуда во контекст на образовните потреби на населението и општеството, квалитетот на образовните услуги е невоедначен.
  • Најголемата концентрација на корисниците е насочена во преквалификацијата, посетување на курсевите за странски јазици и компјутерската обука. Обуките кои овозможуваат започнување на сопствен бизнис и вклучување во приватниот сектор се доста атрактивни за возрасните но сеуште немаат забележителен број на корисници.
  • Пазарот на провајдери е доста хаотичен и тешко достапен. Државата издвојува минимални финансиски средства за оваа намена, а можностите за сопствено финансирање на образованието од страна на поголемиот број на возрасни се минимални.
  • Преквалификацијата како последица на организирана акција од страна на државните органи доминира во дејноста на установите за образование на возрасните. Учеството, т.е. партиципацијата на општествените и приватните претпријатија во обуката или преквалификацијата на (не)вработените возрасни скоро е минимална.
  • Образовната мобилност на возрасните во рамките на основното и средното образование е минимална. Може да се констатира драстично опаѓање не само на бројот на училиштата за основно образование на возрасните туку и на бројот на посетителите.
  • Образованието на возрасните на ниво на средно училиште скоро и да не постои во Република Македонија. Со укинувањето на средните вечерни училишта за возрасни (1987 год.) овој ангажман на возрасните како дејност на андрагошките установи престана да постои. Одредени чекори за заживување на оваа дејност има во 1997 година, како последица на потребата за преквалификација на работниците кои ги изгубиле своите работни места, “по заслуга” на приватизацијата на претпријатијата со општествен капитал.
  • Мотивираноста на работодавците за образование и обука на своите вработени е многу ниска. Покрај тоа што во државата не постојат стимулативни мерки и регулации за образование и обука на вработените (финансиски бенефиции, даночни олеснувања и сл.), меѓу вработувачите е доминантен ставот дека инвестицијата во образование и обука на вработените е неисплатива инвестиција. Една од причините за ваквата состојба е и фактот што и покрај тоа што се очекуваше дека стопанството забрзано ќе се движи во насока на “на знаења базирани” работни места, тоа не се случи. Во вкупниот број на слободни работни места доминираат оние кои имаат потреба од работна сила со ниска квалификација (земјоделство, трговија, текстилна индустрија). Нема нагласено движење на работната сила од сектори со помал раст кон сектори со повисок раст и продуктивност. Процесот на приватизација кој засилено се одвиваше во периодот на транзиција не резултираше со соодветна динамика во отворањето на нови работни места и капацитети кои имаат потреба од работна сила со повисоки работни компетенции. Сеуште на пазарот на трудот на цена се старите квалификации кои лесно можат да се најдат на пазарот на работната сила.

Државните и приватните фирми сеуште немаат развиено доволна свесност за потребата од образовна активност на своите вработени. Државните фирми акцентот го ставаат на иницијалната обука на своите вработени, раководејќи се од принципот “едно образование за доживотно работно место”. Во приватниот сектор ретки се случаите кога одредени фирми соработуваат со универзитетите и/или други установи за образование на возрасните, со цел зајакнување на компетенциите на своите вработени. Успешен пример се и оние фирми, претежно во сервисниот сектор, кои се занимаваат со ИКТ, имаат изграден систем за обука на своите вработени, доминантно користејќи ги услугите на странски установи за образование на возрасните.

  • Граѓанските здруженија, особено НВО, доминантно се фокусирани во неформалниот сектор и, пред се, се занимаваат со општообразовна и културна едукација на возрасните. Нивната соработка со владините тела е сиромашна.
  • Меѓународните здруженија/институции/НВО го покриваат формалниот и неформалниот сектор. Во формалниот сектор доминантно се фокусирани на професионалното усовршување на возрасните (наставници, директори на училишта, вработени во државната администрација и др.) додека во неформалниот сектор се фокусирани на општообразовното и културното образование на возрасните.

 

Специфични карактеристики на образованието на возрасните во Република Македонија се:

 

6.1. Политика и законодавство: тековна состојба

Во 2006 година Собранието на Република Македонија ја донесе Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015. Како интегрален дел од Националната програмата е вклучена и Програмата за образование на возрасните во Република Македонија во контекст на доживотното учење како стратешки документ. Во рамките на Програмата дефинирани се целите на образовната политика во Република Македонија во насока на основната цел – подеднаква можност за сите за стекнување на соодветно квалитетно образование и оспособување со знаења, вештини и компетенции.

Врз основа на анализата на актуелната состојба, во Програмата беа донесени и препораки и тоа: формирање на совет за образование на возрасните; Формирање на општински центри за човечки развој преку доживотно учење; создавање на систем за признавање на претходното учење; изработка на закон за образование на возрасните; зголемување на бројот на андрагошки кадри; јавна кампања за доживотно учење.

Имајќи предвид дека голем број од препораките се реализирани или започнаа со реализација во претходниот период, а особено со донесувањето на Законот за образование на возрасните и формирањето на ЈУ Центар за образование на возрасните, создадени се поволни услови за целосно реализирање на Програмата. Поради тоа се јави потреба за донесување на Стратегија за образование на возрасните за наредниот период.

Во јануари 2008 година Собранието на Република Македонија го донесе Законот за образование на возрасните. Со овој закон образованието на возрасните се дефинира како дел од единствениот систем на образованието на Република Македонија Ова е прв документ од ваков вид кој го регулира системот за образование на возрасните со што се пополни празнината во делот на неформалното образование која што постоеше во образованиот систем во Република Македонија. Претходно образованието на возрасните беше регулирано преку законските акти кои се однесуваа на формалното образование. Значајна новина во овој Закон е што за прв пат се третира и неформалното образование и учење како значаен дел од севкупното образование на личноста.

Во Законот е предвидено формирање на Центар за образование на возрасните како јавна установа со задача да се усогласуваат и интегрираат јавните интереси и интересите на социјалните партнери во образованието на возрасните во Република Македонија и ќе изгради систем на образование на возрасните кој ќе овозможи вклученост и квалитетно учењево текот на целиот живот за сите, а во кој образовната понуда ќе произлегува од барањата и потребите за учење.

 

6.2. Центар за образование на возрасните

Според Законот за образование на возрасните, донесен во 2008 година, Владата на Република Македонија донесе Одлука за основање на Јавна установа Центар за образование на возрасните.

Мисија на Центарот е да воспостави функционален, современ и ЕУ-компатибилен систем на образование на возрасните во контекст на доживотно учење кој што ќе понуди висококвалитетно образование и можности за стекнување на квалификации во согласност со потребите на населението, зголемување на вработливоста и претприемништвото, потребите на пазарот на трудот и ќе придонесе кон економскиот, социјалниот и личниот развој.

Главни цели на Центарот се да придонесе во реализирањето на социо-економските потреби на Македонија, да одговори на поребите на пазарот на трудот и да помогне на поедниците во нивниот личен развој.

Центарот за образование на возрасните е јавна установа за образование на возрасните во Република Македонија, како посебно правно лице основана од Владата на Република Македонија.

Во Центарот се усогласуваат и интегрираат јавните интереси и интересите на социјалните партнери во образованието на возрасните во Република Македонија.

Центарот ја координира соработката со меѓународните институции и организации во областа на образованието на возрасните и доживотното учење.

ЦОВ обезбедува квалитетен систем на образование на возрасните во склад со европските стандарди и практики преку стандарди и критериуми кои ќе обезбедат квалитетно образование на возрасните како формално така и неформално, обезбедување на квалитетна и конкурентна работна сила на пазарот на трудот преку поддршка на социјално партнерство…

Согласно со Законот за образование на возрасните, Центарот ги врши следните работи:

  • го развива образованието на возрасните заради усогласување на потребите со современиот технолошки и општествен развој,
  • дава поддршка на социјалното партнерство на сите нивоа и фази во ланирањето, развојот и реализацијата на образованието на возрасните,
  • го поврзува образованието на возрасните и работата во контекстот на доживотно учење,
  • развива европска ориентација на образованието на возрасните,
  • подготвува концепција за образованието на возрасните,
  • изготвува стандарди на занимања за програмите за образование на возрасните,
  • изготвува модел на јавноважечки програми за образованието
  • на возрасните,
  • врши верификација на програми за образование на возрасните,
  • издава каталог на донесени програми за образование на возрасните и го објавува на официјалната Интернет страница на Министерството,
  • обезбедува поддршка на образованието на возрасните преку советување, инструирање и менторирање на кадарот кој ги реализира програмите за образование на возрасните,
  • дава мислење за исполнетоста на условите на установите и институциите кои бараат верификација за реализирање на јавно признатите програми за образование на возрасните,
  • изработува стандарди за простор и опрема на установите и институциите за образование на возрасните,
  • издава каталог на верифицирани и лиценцирани установи и институции за образование на возрасните и го објавува на официјалната интернет страница на министерството;
  • посредува во кариерниот развој и професионалната ориентација на учесниците во образование на возрасните,
  • предлага решенија за подобрување на врските помеѓу формалното и неформалното образование,
  • доставува годишен извештај до министерството и Советот за реализација на годишните акциони планови од стратегијата за развој на образованието на возрасните, и
  • доставува годишен извештај до министерството за објавени јавни конкурси за доделување на средства за реализација на програми за образование на возрасните.

Со Центарот раководи директор а управува Управен одбор составен од 11 члена и тоа: два члена од министерството надлежно за образование, по еден член од министерството надлежно за труд, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, по еден член од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Комората на занаетчиите на Македонија и четири члена од редот на стручните работници вработени во Центарот. Членовите на Управниот одбор ги именува и разрешува Владата на Република Македонија.

6.3. Совет за образование на возрасните

Советот за образование на возрасните, како советодавно тело е основан од Владата на Република Македонија. Советот предлага стратешки прашања кои се однесуваат на политиката на развој на образованието на возрасните. Составен е од 13 члена од кои претседател и 12 члена, и тоа: два члена од редот на експертите за образование на возрасните, по еден член од министерството надлежно за образование, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, министерството надлежно за финансии, мнозинскиот синдикат, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, како и по еден член од Стопанската комора на Македонија, Сојуз на коморите на Македонија, Комората на занаетчиите на Македонија. Во работата на Советот учествува и директорот на Центарот, без право на глас во одлучувањето.

Покрај тоа што предлага стратегија за развој на образованието на возрасните во контекст на доживотното учење до министерството, Советот има надлежност да ја следи реализацијата на годишните акциони планови за реализација на стратегијата за развој на образованието на возрасните, да предлага на министерството национални квалификации и стандарди на занимања, да предлага финансирање на програмите за образование на возрасните за кои се обезбедени средства во буџетот на Република Македонија, и во соработка со општините, да доставува предлог за развој на мрежата на установите за образование на возрасните до министерството.

6.4. Финансирање на образованието на возрасните

Согласно со Законот за образование на возрасните, средствата за финансирање и развој на образованието на возрасните се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на единиците на локалната самоуправа, од учесниците во образованието на возрасните и од други извори.

Од Буџетот на Република Македонија се обезбедуваат средства за трошоците за изведување на програмите за задолжително образование на возрасните и програмите за средно образование на возрасните кои имаат завршено само основно образование, односно други програми на образование, тековно одржување на установите за образование на возрасните на кои државата е основач и трошоците за следењето, унапредувањето и развој на образованието на возарасните.

Средствата од Буџетот на Република Македонија се доделуваат и на установите, односно институциите за образование на возрасните врз основа на јавен конкурс кој го распишува Центарот.

Од буџетите на единиците на локалната самоуправа се обезбедуваат средства за трошоци поврзани со изведувањето на програмите во установите за образование на возрасните на кои единицата на локалната самоуправа е основач и тековно одржување и инвестиции во установите за образование на возрасните на кои единицата на локалната самоуправа е основач.

Средствата од буџетите на единиците на локалната самоуправа се доделуваат и на установите, односно институциите за образование на возрасните врз основа на јавен конкурс кој го распишува единицата на локалната самоуправа.

6.5. Држава, пазар и понудувачи на услуги

Согласно со Законот за образование на возрасните, покрај Центарот за образование на возрасните и Советот за образование на возрасните, надлежни за образованието на возрасните се и министерството надлежно за образование, министерството надлежно за труд, единиците на локалната самоуправа и социјалните партнери.

Надлежност на Министерствотоза образование е да донесе стратегија за образование на возрасните и годишни акциони планови за нејзина реализација, врз основа на предлози од Советот за образование на возрасните. Министерството врши верификација и издава лиценци на установите за образование на возраснитеи води регистер на верифицираните установи. Покрај тоа, Министерството донесува наставен план и програми за основно, гимназиското и стручното образование на возрасните, по предлог на Центарот за образование на возрасните и национални рамковни наставни планови и програми за образование на возрасните. Од Буџетот на Република Македонија министерството обезбедува средства за финансирање на образованието на возрасните врз основа на утврдените потреби на државата, како и средства за истражување и развој за потребите на образованието на возрасните, во согласност со државните и потребите на Европската Унија.

Министерството за труд има надлежност да ги согледува потребите за преквалификација и доквалификација на кадарот преку анализа на пазарот на трудот и да доставува мислење до Советот, да учествува во подготвувањето и усогласувањето на стручните квалификации по стандарди, изготвувањето на Листата на стандарди на занимања и во организирањето на професионалното ориентирање на учесниците, а во соработка со Центарот да иницира потреби од изготвување на нови стручни квалификации по стандарди на занимања.

Со поттикнување на децентрализацијата, дел од надлежностите во областа на образованието на возрасните се доделени на локалната самоуправа. Имено, Советот на општината, односно на градот Скопје врши анализа на потребите на пазарот на трудот на локално ниво и ги искажува согледувањата за потребите до Центарот, установите за образование на возрасните и институциите за образование на возрасните, може да основа установи за образование на возрасните, согласно со одредбите на овој закон, општински, односно центар на Град Скопје за развој на човечките ресурси, доставува предлози до министерството и до Центарот за потребите за развој на програмите за образование на возрасните, донесува програми за образование на возрасните кои се финансираат од средствата на локалната самоуправа, обезбедува средства за установите за образование на возрасните на кои им е основач, и доставува предлози за уписната политика во образованието на возрасните до министерството.

Во областа на образованието на возрасните се поголеми овластувања се доделуваат и на социјалните партнери(коморите и мнозинскиот синдикат). Имено, коморите доставуваат предлози до Центарот за донесување на нови и иновирање на постоечките програми, како и за изготвување на нови стандарди на занимања. Може да основаат институции за образование на возрасните и да донесуваат програми кои се финансираат од средствата на коморите.Мнозинскиот синдикат доставува предлози за подобрување на условите за практичната обука на учесниците кај работодавачите, може да основа институции за образование на возрасните и да донесува програми кои се финансираат од средствата на синдикатот.

Прецизна анализа на пазарот на даватели и корисници на образовни услуги во Република Македонија не постои. Постојат само поединечни напори од страна на Министерството за образование и наука за анализа на пазарот на трудот кои се дел од севкупните зафати за реформа на средното стручно образование.

6.6. Податоци, информации и истражувачка база

Сеуште не е доволно развиен информацискиот систем за образованието на возрасните кој би овозможил јасно и транспарентно следење, вреднување и планирање во оваа сфера. И покрај тоа, во изминатиот период беа направени обиди оваа состојба да се подобри.

ЕУ проектот за доживотно учење изготви база на податоци за понудувачите на услуги во образованието на возрасните.

Покрај тоа, согласно со Законот за образование на возрасните, Министерството надлежно за образование води централен регистар за верификација на установите кои реализираат јавно признати програми, а општината, односно Градот Скопје води општински регистар за установите и институциите кои реализираат јавно признати и посебни програми за образование на возрасните од своето подрачје. Соодветен регистар и база на податоци ќе биде изготвен и од Центарот за образование на возрасните.

Иако во Република Македонија не постои национален систем за прибирање на податоци за учењето на возрасните, податоците и информациите за развојот на политиките во образованието на возрасните во контекст на доживотното учење може да се добијат од неколку извори: Статистички годишник на Република Македонија и Анкетата на пазарот на работна сила изготвени од Државниот завод за статистика, Програмата за образование на возрасните во Република Македонија во контекст на доживотното учење, Националниот извештај на Република Македонија од април 2008 година, изготвен како прилог кон ЦОНФИТЕА ВИ и од други анализите и извештаите на Република Македонија до меѓународните организации каде сме членки, како редовните извештаи до институциите на ЕУ, редовниот дијалог од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Пристапното партнерство, годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, Извештаите и укажувањата од Европската фондација за обука (ЕТФ), извештаите од инструментите на ОН, извештаите до Советот на Европа под респективните инструменти, и секако укажувањата токму од телата на Советот на Европа, извештаите од Светската банка и др.[26]

Анализата направена од невладината организација Младински културен центар од Битола „Перспективата и улогата на невладиниот сектор во неформалното образование во Република Македонија и европскиот контекст” во рамките на проектот Препознавање и афирмација на неформалното образование во Република Македонија.

6.7. Институции и организации

Во Република Македонија постојат повеќе видови на институции, кои го сочинуваат системот на образование на возрасни. Од една страна тоа се државните и јавните институции кои имаат надлежности и се одговорни за образованието на возрасните во земјата:

  • Министерство за образование и наука
  • Центарот за образование на возрасни
  • Советот за образование на возрасни
  • Министерството за труд и социјална политика.

Надлежности за образование на возрасните имаат и единиците на локалната самоуправа и социјалните партнери.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност во Република Македонија е агенција надлежна за менаџирање на Програмата за доживотно учење (Одлука бр.1720/2006/Совет на Европа) и Програмата млади во акција (Одлука бр.1719/2006/Совет на Европа) како структура за координирано менаџирање на имплементацијата на Програмата за доживотно учење и Програмата млади во акција на национално ниво (Национална Агенција). Агенцијата започна со работа на почетокот на 2008 и во голема мерка преку образовните програми треба придонесе  за развојот на образованието на возрасни и доживотното учење во земјава.

На 1-ви јануари 2008 година официјално започна со активна работа Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

Од друга страна тоа се понудувачите на услуги за образование на возрасни, кои според Законот за образование на возрасни можат да бидат јавни и приватни установи за образование на возрасните, институциите за образование на возрасните, центрите за усовршување, работодавачите и социјалните партнери, здрженија на граѓани или индивидуалните обучувачи.

Од постојните даватели на образование на возрасните можат да се издвојат:

  • јавни и приватни специјализирани институции за образование на возрасните: работнички универзитети, образовни консултантски фирми, центри за обука, центри за странски јазици, центри за компјутерско образование, центри за советодавна работа, основни училишта за образование на возрасните,
  • средни училишта;
  • синдикати;
  • комори и асоцијации;
  • агенции за вработување;
  • професионални тела;
  • универзитети;
  • невладините организации.[27]

Постојат и други институции и организации, кои покрај главните дејности имаат одредени активности од областа на  образование на возрасни како што се: Библиотеки, музеи, издавачки куќи, културни центри, телевизии, радија итн. Исто така и поголеми приватни фирми за своите вработени нудат организирани обуки или други форми за понатамошно обрзование.

Една од целите на оваа стратегија е да овозможи развој на постоечките институциите за образованиер на возрасни како и да го поттикне и поддржи формирањето на нови во регионите каде што има потреба од вакви институции.

6.8. Учесници и услуги

Учесници во програмите за образование на возрасни според Законот за образование на возрасни може да бидат лица кои имаат навршено 15 години и ги исполнуваат другите услови пропишани со програмата.

Постојат само одреден број на статистички податоци за формалното образование на возрасни, додека неформалното образование не поткрепено со релевантни статистички податоци. Поради тоа не може да се направи анализа и да се има јасна слика во овој дел на образовната практика.

Во основното образование на возрасните евидентен е пад според бројот на учесници во овој вид на образование (Табела 1).

Табела 1: Бројот на училишта, паралелки, опфатени ученици и наставници во основното образование на возрасни

Година

Училишта

Паралелки

Ученици

Наставници

1996/97

17

52

1 127

80

1997/98

21

63

1 682

97

1998/1999

21

64

1 608

108

1999/2000

22

69

1 272

105

2000/2001

21

58

1 137

98

2001/2002

13

38

686

59

2002/2003

13

38

628

48

2003/2004

13

40

548

46

Извор: Статистички годишник на Република Македонија, Републички за­вод за статистика

Поголемиот број на возрасни учесници во средното образование се запишале на поатрактивни програми и занимања, кои ќе им овозможат вработување. Така на пример најголем број на учесници се запишале во стручното специјалистичко тригодишно и четиригодишно образование, а поатрактивни струки се: електро, машинска, сообраќајна, трговска, угостителска и здрав­стве­на.

Учеството во Работничките и Народните универзитети, кои нудат различни образовни програми за возрасни е во евидентно опаѓање (Табела 2).Најголем број на учесници во последните години се бележат во наставата по странски јазици и информатика.

Табела 2: Работнички унверзитети во Република Македонија и нивни активности

Бр

Работнички унверзитети во Република Македонија

Број на вработени

Семинари и курсеви

Учесници кои посетувале курс или семинар

  

1997

2002

1997

2002

1997

2002

1

Скопје

72

60

323

25

5 154

2 440

2

Берово

3

 

2

 

26

 

3

Битола

27

7

16

10

528

577

4

Велес

0

9

0

15

0

1001

5

Гевгелија

5

 

0

 

0

 

6

Гостивар

18

5

12

15

232

632

7

Кавадарци

5

3

3

9

37

339

8

Кичево

17

4

14

25

94

90

9

Кочани

6

3

3

5

68

80

10

Крива Паланка

3

 

7

 

143

 

11

Куманово

32

6

14

16

358

1286

12

Неготино

16

6

46

8

657

693

13

Охрид

12

2

13

13

177

340

14

Прилеп

17

7

6

7

74

1109

15

Пробиштип

8

1

20

8

265

271

16

Радовиш

6

 

2

 

0

 

17

Свети Николе

3

 

0

 

29

 

18

Струмица

28

8

49

16

642

752

19

Тетово

20

8

19

7

459

403

20

Штип

20

7

23

8

411

883

Извор: Државен Завод за Статистика на РМ, , Статстичка годишна книга на РМ, 2000; Здружение на Работнички Универзитети на РМ, 2002

Покрај веќе споменатите економски причини на ваквиот тренд на намалување на учесниците во овие институции големо влијание има и формирањето на поголем број на приватни организации и фирми , кои се занимаваат со оваа дејност.  Исто така голем број на најразлични обуки се спроведуваат преку АВРМ (за невработени лица), невладиниот сектор и меѓународните институции и организации.

Услугите кои ги нудат понудувачите на образование на возрасни опфаќаат поширок спектар на образовни програми од областа на општото, стручното, културното, граѓанското образование како и од областа на научното доусовршувањеФормите и траењето на образованието исто така се многу различни, на пример постојат програми и обуки кои траат неколку години па и такви, кои траат еден до два часа. Најчести организирани формите на образованието на возрасни се групната форма, но се почеста  е и индивидуалната настава, како и електронското учење.

Главните ризични групи врз кои треба да се фокусира вниманието на државата, не само во поглед на дефинирање на економската и социјалната политика, туку и од аспект на зголемување на нивното образовно ниво, т.е. зголемување на нивната работна компетентност и конкурентност се:

  • вработените без соодветно образование, нискообразованите и нискоквалификуваните;
  • долготрајно невработените лица;
  • сиромашните домаќинства од руралните подрачја и малите градови;
  • лицата со пречки во психофизичкиот развој;
  • институционализираните лица;
  • старите лица.

6.9. Персонал

Во различните видови на институции за образование на возрасни се вработени луѓе од најразлични професии и степен на стручна подготовка. Дел од нив се вработени со полно работно време, а дел врз основа на договор за дело, но поради непостоење на статистички податоци од оваа сфера тешко е да се утврди бројот, половата структура, степенот на образование итн.

 

За персоналот во овие институции и организации треба да се развие и понуди континуирана, флексибилна, модуларна програма за нивно понатамошно образование во областа на Андрагогијата, која ќе биде организирана во соодветни институции, со цел постручно да ги извршуваат своите задачи, да придонесат за развој на своите институции и да бидат во тек со поновите случувања од оваа област.

6.10. Податоци, информации и истражувачка база

Сеуште не е доволно развиен информацискиот систем за образованието на возрасните кој би овозможил јасно и транспарентно следење, вреднување и планирање во оваа сфера. И покрај тоа, во изминатиот период беа направени обиди оваа состојба да се подобри.

ЕУ проектот за доживотно учење изготви база на податоци за понудувачите на услуги во образованието на возрасните.

Покрај тоа, согласно со Законот за образование на возрасните, Министерството надлежно за образование води централен регистар за верификација на установите кои реализираат јавно признати програми, а општината, односно Градот Скопје води општински регистар за установите и институциите кои реализираат јавно признати и посебни програми за образование на возрасните од своето подрачје. Соодветен регистар и база на податоци ќе биде изготвен и од Центарот за образование на возрасните.

Иако во Република Македонија не постои национален систем за прибирање на податоци за учењето на возрасните, податоците и информациите за развојот на политиките во образованието на возрасните во контекст на доживотното учење може да се добијат од неколку извори: Статистички годишник на Република Македонија и Анкетата на пазарот на работна сила изготвени од Државниот завод за статистика, Програмата за образование на возрасните во Република Македонија во контекст на доживотното учење, Националниот извештај на Република Македонија од април 2008 година, изготвен како прилог кон ЦОНФИТЕА ВИ и од други анализите и извештаите на Република Македонија до меѓународните организации каде сме членки, како редовните извештаи до институциите на ЕУ, редовниот дијалог од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Пристапното партнерство, годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, Извештаите и укажувањата од Европската фондација за обука (ЕТФ), извештаите од инструментите на ОН, извештаите до Советот на Европа под респективните инструменти, и секако укажувањата токму од телата на Советот на Европа, извештаите од Светската банка и др.[28]

Анализата направена од невладината организација Младински културен центар од Битола „Перспективата и улогата на невладиниот сектор во неформалното образование во Република Македонија и европскиот контекст” во рамките на проектот Препознавање и афирмација на неформалното образовани во Република Македонија.

 

6.11. Финансии и адекватни ресурси

Финансирањето на образованието на возрасните е регулирано со Законот за образование на возрасните. Според Законот, средствата за финансирање и потикнување на образованието на возрасните се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на единиците на локалната самоуправа, од учесниците во образованието на возрасните и од други извори утврдени со закон. Од Буџетот на Република Македонија и од буџетите на единиците на локалната самоуправа можат да се одобрат финансиски средства за: опремување со наставни и други средства, и развој и реализација на иновативни програми за образование на возрасните.

Средствата од Буџетот на Република Македонија се доделуваат на установите, односно институциите за образование на возрасните врз основа на јавен конкурс кој го распишува Центарот.

Средствата од буџетите на единиците на локалната самоуправа се доделуваат на установите, односно институциите за образование на возрасните врз основа на јавен конкурс кој го распишува единицата на локалната самоуправа.

 

6.12. Образование и истражување

Единствена институција која се занимава со научно истражување на образованието на возрасните во Република Македонија е Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. На оваа институција постои и посебна насока (андрагошка) која продуцира дипломирани андрагози, т.е. кадар чија специјалност е образованието на возраснитете. На институтот за педагогија се образува кадар на сите три универзитетски циклуси. Во изминатиот период беа извршени голем број на тимски и индивидуални истражувања, изработени и одбранети голем број на магистерски и докторски дисертации од подрачјето на образование на возрасните.

Проучувањето на образованието на возрасните е дел и од работата на поединци вработени во Институтот за педагогија и во Бирото за развој на образованието кое во помал обем и претежно се занимава со обука на наставниците и директорите.

 

6.13. Влијание на ниската вредност која се припишува на учењето на возрасните

Присутните слабости во финансирањето и непостоењето на национален план за развој на човечките ресурси (ХРД), имплицираат непостоење на организиран систем за образование на возрасните. Пратечки карактеристики кои дополнително ја влошуваат состојбата се:

  • слабиот повраток на инвестициите во учењето кои дополнително предизвикуваат дестимулација и слаба мотивација за учење кај возрасните;
  • ставот на поголем број на фирми кои го сметаат образованието и обуката на возрасните за трошок, а не за инвестиција;
  • нееднаквиот пристап кон учењето кај многу загрозени групи на население, особено кај Ромите и руралното население.

6.14. Кампањиза доживотно учење

1996 година беше прогласена за Европска година на Доживотно учење, а со тоа започна поинтензивниот развој на оваа идеја.

Доживотното учење ги вклучува сите форми на учење: формално, неформално и информално во сите фази и сфери во животот на луѓето започнувајќи во раното детство и вклучувајќи го и третото доба.

Промовирањето на културата на учење е уште една цел на оваа стратегија. Идејата за доживотно учење треба да биде уште повеќе популаризирана и дисеминирана преку најразлични активности и форми како на пример Фестивалите на доживотно учење, кои во Република Македонија се одржуваат традиционално секоја година. Во 2002 година по иницијатива на Институтот за меѓународна соработка на германскиот сојуз на народни универзитети (двв интернатионал) во соработка со Министерството за образование и наука на Р. Македонија и поддржано од голем број на организации и институции во земјата се одржа првиот Фестивал за доживотно учење во Македонија. Секоја година Фестивалот поврзува голем број на организации и институции, кои организираат најразлични манифестации: конференции, семинари, обуки, образовни саеми, практични работилници, изложби итн. кои активно придонесуваат за промоција на  Доживотното учење во целата држава. Овие манифестации се отворени за пошироката јавност, така да граѓаните од различни  возрасни групи имаат можност да  учествуваат на манифестациите и да се информираат, кои можности постојат за нивно понатамошно образование.

Фестивалите на доживотно учење во Македонија имаат најразлични цели. Покрај тоа што се занимаваат со одредени, специфични теми, тие исто така опфаќаат и поопшти теми и со тоа обезбедуваат широка платформа од специфични и општи информации за заинтересираната популација. Некои од општите теми се следниве:

  • да и се објасни на што поголем дел од популацијата важноста од образование и доживотно учење;
  • да се зголеми учеството во процесот на учење или нудење образовни услуги;
  • да се презентираат сегашните образовни понуди на најразлични начини;
  • да се развие позитивен пристап кон учењето ;
  • да се објаснат придобивките од образованието;
  • да се насочи вниманито на релевантните владини агенции кон потребата од воспоставување единствен систем и законска рамка за да се поддржи доживотното учење;
  • да се зајакне мотивацијата за учење, посебно меѓу невработените и припадниците на различните заедници, од сите возрасти;
  • промовирање на вработливоста;
  • справување со невработеноста преку Доживотно учење;
  • подигнување на стандардите на понудувачи на образовни услуги во земјата;
  • промовирање нови наставни методи;
  • меѓународна соработка.

6.15. Партнерски пристап

Големи проблеми во образованието на возрасните во Република Македонија предизвикува несериозниот однос на државата кон ова прашање и непостоењето на соработка, како меѓу секторите во Владата, така и меѓу Владата и останатите субјекти во државата (синдикатот, стопанските комори, вработувачите, образовните установи, граѓанските организации и сл.) за заеднички пристап во образованието на возрасните. Ваквата состојба во голема мерка е предизвикана од ниската свест на партнерите за значењето на образованието на возрасните.

 

Владата, единиците на локалната самоуправа и социјалните партнери треба да склучат договори за партнерство и соработка за да можат стратегијата да ја претворат во конкретни акции се со цел да се зајакне образованието на возрасни, а со тоа да се инвестира во развојот на човечките ресурси со што ќе се придонесе за развој на економијата и целокупното општество во Р.Македонија.

7. СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ – 2015[29]

 

Во периодот од 2010 до 2015 година сите заинтересирани страни во сферата на образованието на возрасните треба да ги фокусираат своите напори во реализација на следниве цели:

  1. Зајакнување на системот на образование на возрасните преку развивање на информациско-статистички систем за следење на образовната мобилност на возрасните;
  2. Создавање на услови доживотното учење и мобилност да станат реалност;
  3. Подобрување на квалитетот и ефикасноста на образованието и обуката на возрасните;
  4. Промовирање на рамноправност, социјална кохезија и активно граѓанство;
  5. Промоција на образованието на возрасните и културата на учење преку активен пристап во образованието и обуката на возрасните.

Стратешка цел 1: Зајакнување на системот на образование на возрасните преку развивање на информациско-статистички систем за следење на образовната мобилност на возрасните

Статистичкото следење на образованието на возрасните во контекст на доживотното учење се однесува на формалното и неформалното образование и ги опфаќа соодветните показатели за образовната понуда: образовните провајдери, програмската понуда, структурата на корисниците, структурата на наставниците, цертифицирањето, начините на авалуација, дистрибуции на корисниците според квалификациите и другите клучни карактеристики (пол, возраст, ниво и вид на образование, етничка припадност и др) и др.

Во Република Македонија не постои национален систем за прибирање на податоци за учење на возрасни. Поради тоа, не само што е неможно да се утврди вистинската бројка на возрасни кои се вклучени во некој облик на образование, видот на образованието, успехот, ефикасноста на работата и повратниот ефект, туку е неможно да се постигне и поголема транспарентност во информациите за давателите и видот на услугите што се нудат на образовниот Пазар. Поради тоа, постојат ограничени информации за можностите за учење кои им стојат на располагање на младите и возрасните.

Ваквата состојба, е дополнително влошена со непостоењето на одржлив систем за анализа на трендовите во вештините, промените на пазарот на труд и потребите на вработените за вештини или на работниците во сивата економија. Секакви прогностички напори се неможни.

Ваквата состојба е дополнително влошена со непостоењето на одржлив систем за анализа на трендовите во вештините, промените на пазарот на трудот и потребите на вработените за вештини или на работниците во “сивата” економија. Секакви прогностички напори се неможни.

Државниот систем за следење на образованието на возрасните ќе овозможи согледување на образовната понуда, образовната структура на населението, анализа на успешноста во образованието на возрасните, увид во користењето на средствата за јавна поддршка, увид во вкупните вложувања во образованието на возрасните, споредливост со другите земји и др.

 

Стратешка цел 2: Доживотното учење и мобилност да станат реалност

Предизвиците кои ги поставуваат демографските промени и редовната потреба да се осовременат и развиваат ваштини во согласност со променливите економски и социјални околности бараат доживотен пристап кон учењето и кон системот за образование и обука на возрасните кој може подобро да одговори на промените и кој е отворен кон поширокиот свет. Особено, потребна е акција за да се осигура развој на националната рамка за квалификации базирана на релевантни образовни излези и нејзината врска со Европската рамка за квалификации, воспоставување на пофлексибилни патишта за учење — вклучувајќи подобар преод меѓу различните сектори за образование и обука, поголема отвореност кон неформалното и информалното учење и зголемена транспарентност и признавање на образовните излези. Понатамошни напори се воедно потребни за да се промовира учењето на возрасните, да се зголеми квалитетот на системите за водење и за учењето да се направи генерално поатрактивно — вклучувајќи и развој на нови форми на учење и примена на нови технологии на настава и учење.

Како неопходен елемент на доживотното учење и важно средство за зголемување на вработливоста и адапитибилноста на луѓето е зголемувањето на мобилноста на возрасните кои учат. За ова да се постигне, потребни се обновени напори од сите засегнати во поглед на обезбедување на соодветно финансирање или даночни олеснувања за сите оние кои учат и/или овозможуваат учење на возрасните.

 

Стратешка цел 3: Подобрување на квалитетот и ефикасноста на образованието и обуката

Реализацијата на оваа цел треба да создаде услови секој да ги стекне клучните компетенции преку заложби за подигање на квалитетот и атрактивноста на образованието на возрасните. За ова да се оствари на одржлива основа, треба да се обрне поголемо внимание на подигање на нивото на базичните вештини како што се алфабетската и нумеричката писменост, на зголемување на квалификациското ниво на образовно хендикапираните возрасни  и на засилување на лингвистичките компетенции на возрасните. Воедно, потребно е да се обезбеди висококвалитетна настава и да се овозможи соодветно иницијално образование на наставници за возрасни. Истотака е важно да се подобри водството, управувањето и раководењето со институциите за образование и обука на возрасните и да се развијат ефективни системи за обезбедување квалитет. Висок квалитет може да се постигне само преку ефикасно и одржливо користење на ресурсите — како јавните така и приватните — и преку промоција на политики и практики во образованието и обуката на возрасните – базирани на докази.

Стратешка цел 4: Промовирање на рамноправност, социјална кохезија и активно граѓанство

Образованието и обуката на возрасните треба да им овозможи на сите граѓани, без оглед на нивните лични, социјални  или економски околности, да ги стекнат, осовременат и развијат во текот на својот живот вештините специфични за работното место и клучните компетенции потребни за вработливоста, како и да негуваат понатамошно учење, активно граѓанство и интеркултурен дијалог. Образовниот недостаток треба да се третира преку пружање на висококвалитетно образование, фокусирана поддршка, и преку промовирање на инклузивно образование. Системот за образование и обука на возрасните треба да им овозможи на сите оние кои учат — вклучувајќи ги и оние со вулнерабилно потекло и оние со специјални потреби — да го завршат образованието преку “втора шанса” за образование и преку пружање на поперсонализирано учење. Образованието треба да промовира интеркултурни компетенции, демократски вредности и почитување на фундаменталните права и човековата околина, како и да се бори против сите видови на дискриминација, оспособувајќи ги возрасните за позитивна интеракција со “другите”.

 

Стратешка цел 5: Промоција на образованието на возрасните и културата на учење преку активен пристап во образованието и обуката на возрасните.

Оваа цел треба да го промовира образованието на возрасните на сите нивои, особено стекнувањето на трансверзални клучни компетенции од страна на возрасните, како што се дигиталната компетенција, културата на учење т.е. способноста за учење, чувството за иницијатива и претприемништво и културното освестување. Партнерството меѓу светот на претприемчивоста и различните нивоа и сектори на образование, обука и истражување може да обезбеди подобро фокусирање на вештините и компетенциите потребни на пазарот на трудот и на поттикнување на иновација и претприемништво во сите облици на учењето. Треба да се промовираат пошироки заедници на учење, кои вклучуваат претставници на локалната самоуправа, институциите на системот, претставници на граѓанското општество и на другите засегнати страни, со цел создавање на клима која придонесува т.е е податлива за креативност и за подобро помирување на професионалните и социјалните потреби, како и за добросостојбата на поединецот.

*   *   *

Реализацијата на зацртаните стратешки цели подразбира спроведување на поголем број на политики и активности во сферата на образованието на возрасните, како:

  1. Ревизија на легислативното окружување на образованието на возрасните
  2. Развивање на општински центри за развој на човечки ресурси
  3. Развивање на информациско – статистичи систем за следење на образованието на возрасните
  4. Промоција на образованието на возрасните и културата на учење
  5. Воведување на даночни олеснувања и стимулирање на образованието и учењето на возрасните
  6. Зајакнување на јавните установи за образование на возрасните
  7. Зголемување на компетенциите на наставниот кадар за возрасни
  8. Зајакнување на базичните вештини на возрасните
  9. Развивање на систем за признавање на знаења, вештини и компетенции
  10. Зајакнување на системите за кариерен развој и професионална ориентација
  11. Зајакнување на институционалната поддршка на образованието на возрасните

8. СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА

Владата на Република Македонија во функција на реализација на оваа стратегија донесе Акционен план и ги одреди телата за спроведување на мерките и активностите содржани во Акциониот план.

За доследно следење на спроведувањето на оваа стратегија и Акциониот план ќе се развие соодветна методологија за евалуација и индикатори на мерливост. Перманентниот и повремениот мониторинг, базиран на резултатит и успешноста ќе се одвива на национално и локално ниво.

 


[1] Oпшта декларација за човечки права, OН, 1948.

[2] Совет на Европа, Лисабон, 2000

[3] Eвропска комисија: Меморандум за доживотно учење, Брисел, 2000

[4] Eвропска комисија: Градење на европски простор за доживотно учење, Брисел, 2001

[5] Eвропска комисија: Меморандум за доживотно учење, Брисел, 2000

[6] Eвропска комисија: Меморандум за доживотно учење, Брисел, 2000

[7] Dakar Framework for Action, Education for All, Dakar, Senegal, 2000; Национална Програма за развој на образованието: 2005-2015, МОН, Скопје, 2005

[8] ЕУ Извештај за индикаторите за квалитет за доживотно учење, Брисел, 2003

[9] Државен завод за статистика, Статистички годишник на Република Македонија, 2008.

[10] Исто.

[11] Исто.

[12] Исто.

[13] Исто.

[14] Државен завод за статистика, Анкета на работна сила, 2008.

[15] Државен завод за статистика, Статистички годишник на Република Македонија, 2008.

[16] Исто.

[17] Државен завод за статистика, Анкета на работна сила, 2008.

[18] Исто.

[19] Државен завод за статистика, Анкета на работна сила, 2008.

[20] Исто.

[21] Исто.

[22] Исто.

[23] Исто.

[24] Исто.

[25] Извештај за пазарот на трудот во Република Македонија, ЕТФ, 2005

[26] Младински културен центар – Битола, Перспективата и улогата на невладиниот сектор во неформалното образование во Република Македонија и Европскиот контекст, 2009

 

[27] Национална програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015, Министерство за образование и наука, 2006

[28] Младински културен центар – Битола, Перспективата и улогата на невладиниот сектор во неформалното образование во Република Македонија и Европскиот контекст, 2009

 

[29] Republika Makedonija vo potpolnost gi prezema strate{kite celi vo obrazovanieto i obukata doneseni od Sovetot na Evropa na 12 maj 2009 godina i gi postavuva kako sostaven element vo opredeluvaweto na svoite celi vo razvojot na obrazovanieto na vozrasnite vo periodot do 2015 godina. Vidi: Council, Notices from European Union Institutions and Bodies, Council Conclusions of 12 may 2009 on a strategic framework for european cooperation in education and training (‘ET 2020’), Official Journal of the European Union, (2009/c 119/02)