Учесникот со изучување на програмата ќе ги реализира следниве цели:
· Да креира програми со користење на оператори и основни функции. · Да креира бренчови. · Да користи класи во Bootstrap. · Да креира ЈavaScript документ со користење на правилна ЈavaScript синтакса како и поврзување со HTML документ. · Да креира решенија со платформата Bootstrap. · Да користи ЈavaScript библиотеки, jQuery и React.js. · Да користи систем за менаџирање содржина WordPress. · Да менаџира бази. · Да подготви сопствено портфолио. Програмата се реализира преку практична и теоретска настава. Начин на оценување: · Се оценува редовноста на учесникот. · Се оценува активноста на учесникот. · Се оценува изработката на домашни задачи. · Се оценуваат завршните проекти. Модули на програмата: · Модул 1: Вовед во програмирање и програмски јазици. · Модул 2: Развој на апликација со програмски јазици. · Модул 3: Развој на веб решенија со системи за менаџирање на содржина. · Модул 4: Изработка на портфолио со програмски јазик. Времетраење: Времетраењето на програмата е 275 наставни часа, од кои 72 теоретска настава и 203 практична настава. Теоретската и практичната настава ќе се изведуваат од понеделник до четврток и секој втор петок по утврден распоред. Број на кредити: По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со 11 кредити. Вреднување на постигнувањата: Оценувањето на учесниците ќе се врши врз основа на постигнатите резултати. Се изработуваат завршни проекти како и портфолио каде учесниците ги применуваат стекнатите знаења. По завршување на програмата учесниците ќе бидат способни да: · користат HTML & CSS технологии за креирање на веб решенија; · користат програмски јазици за развој на веб и мобилни апликации; · користат Bootstrap; · користат библиотеки; · користат GIT за колаборација; · користат WordPress; Просторни услови: Наставата ќе се реализира комбинирано, во училница каде секој учесник работи на компјутер, се користи опрема за презентација како проектор, платно, компјутер, звучници, микрофон и на далечина преку платформата Teams. Сертификат: По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за стручна квалификација “Front – end оператор”. |
Верификацијата истекува во септември 16, 2027