СЕРВИСЕР НА СИСТЕМИ ЗА ЛАДЕЊЕ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ КОИ СОДРЖАТ ФЛУОРИРАНИ ГАСОВИ КАКО СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цели на програмата

Остварувањето на основните цели поставени со оваа програма:

–  развој на нови и млади стручни кадри кои се недостаток во индустријата

– усовршување и унапредување на знаењата на веќе искусните кадри во областа на сервисирањето и одржувањето  на разладните и климатизационите уреди кои користат флуорирани средства за ладење .

– обучување на кадри според барањата на фирмите

Пренесувањето на знаењата и презентациите на материјалите преку ангажирање инженери кои имаат долгогодишно искуство во оваа област и учество на техничари професионалци од праксата како ментори при обуките кои ќе се реализираат во работилниците на давателот на услугата. Програмата е наменета за повеќе типови на целни групи, каде што, за секој од нив се наоѓа соодветно место и се споделува доволно знаење и искуство.

Објаснување на програмата

Програмата содржи 6 модули  во времетраење од теоретска настава 50 часа и практична настава 142 часа и. Секој модул ќе се реализира редоследно според предвидениот фонд на часови и во делот на теоретски и практичен дел, после што ќе се изврши проверка на знаењата со предвиден завршен испит. Праксата ќе се изведува  три работни дена во неделата, по 4 часа во работилниците на давателот на услугата .

Во текот на дефинирање на насловите и содржината на модулите следен е македонскиот стандард МКС ЕН 13313:2011 (Системи за ладење и топлински пумпи – Компетентност на персоналот) које е идентичен со европскиот стандард ЕN 13313:2010 (Refrigeration systems and heat pumps – Competence of personnel). Исто така при дефинирањето на насловите и содржината на програмата направени се консултации со фирми кои работат во областа опфатена со програмата. За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали, проследени со Power point презентации како и испитни прашања за проверка на знаењето на слушателите.

Проверката на знаењата вклучува: проверка на знаењата преку тест (на крајот од секој модул), проверка на знаењата преку успешно изведување на практични вежби во лабораторија (во текот на изведувањето на лабораториските вежби), проверка на знаењата преку успешно завршување на практичните обуки во фирмите подржувачи на програмата (на крајот од секој модул) и завршен испит на кој кандидатите ќе имаат самостојана работа на реален индустриски проблем (на крај од програмата).

Наставата во образовната институција ќе се изведува во времетраење од 12 часа неделно (три дена по четири часа), според претходно доставен распоред. Практичната настава ќе се изведува во работилниците на давателот на услугите според претходно доставен распоред за динамика на работа (минимум 20 работни денови по 6 саати)

Проверката на знаењето ќе се одвива после завршувањето на секој модул, од комисија составена од наставниците давателот на услугата.

Сертификат

Предвидено е кандидатите, кои успешно ќе ја реализираат програмата и ќе покажат соодветно ниво на знаење на крајниот испит, да добијат:

Сертификат за „Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат флуорирани гасови како средства за ладење” според пропишаниот стандард на ЈУ Центар за образовнаие на возрасни.

Релевантноста на програмата за потребите на пазарот на трудот

Формирањето на програмата со наслов „Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат флуорирани гасови како средства за ладење” е на барање на индустриите кои секојдневно се соочуваат со недостаток на стручни кадри од областа на сервисирањето и одржувањето  на разладните и климатизационите уреди кои користат флуорирани средства за ладење.

Целни групи:

Лица за кои би важеле овој тип на надоградување на знаењата и доусовршување, се следните групи:

–   невработени со завршено тригодишно средно образование, желба за работа во областа на сервисирањето и одржувањето  на разладните и климатизационите уредѝи кои користат флуорирани средства за ладење (поради зголемената побарувачка на пазарот на трудот).

–   почетници инженери во областа (млади студенти кои сакаат да се усовршуваат во областа на сервисирање и одржување  на разладни и климатизациони уреди кои користат флуорирани средства за ладење.).

–   техничари, инженери или оператори кои поради побарувачката на индустриите преоѓаат од други оддели во оддел за сервисирање и одржување  на разладни и климатизациони уреди кои користат флуорирани средства за ладење.

–   оператори на процес.

–   раководители на процес.

–   инженери за одржавање на опремата.

–   инженери – проектанти.

–   стручни советници за производство и процес.

–   работници со завршено тригодишно средно образование на кои им е потребно стручно усовршување во областа.

Сите спомнати целни групи, наоѓаат соодветно место во стручната програма за доусовршување и освежување на знаењата од наведената област. Секој би можел да се најде во соодветен дел затоа што надоградувањето на знаењата е двигател на економијата на државата.

Верификацијата истекува во април 1, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено трет степен на образование

најмалку 18 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

142

Оценување

Вкупен број на часови

192

Датум на верификација

07/04/2023

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content