Цели на програмата
Остварувањето на основните цели поставени со оваа програма:
– развој на нови и млади стручни кадри кои се недостаток во индустријата
– усовршување и унапредување на знаењата на веќе искусните кадри во областа на инсталирањето на клима уреди и топлински пумпи кои содржат флуорирани гасови како средства за ладење.
– обучување на кадри според барањата на фирмите
Пренесувањето на знаењата и презентациите на материјалите преку ангажирање инженери кои имаат долгогодишно искуство во оваа област и учество на техничари професионалци од праксата како ментори при обуките кои ќе се реализираат во работилниците на давателот на услугата. Програмата е наменета за повеќе типови на целни групи, каде што, за секој од нив се наоѓа соодветно место и се споделува доволно знаење и искуство.
Објаснување на програмата
Програмата содржи 5 модули во времетраење од теоретска настава 10 часа и практична настава 70 часа. Секој модул ќе се реализира редоследно според предвидениот фонд на часови и во делот на теоретски и практичен дел, после што ќе се изврши проверка на знаењата со предвиден завршен испит.
За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали, проследени со Power point презентации како и испитни прашања за проверка на знаењето на слушателите.
Проверката на знаењата вклучува: Завршен испит преку проверка на знаењата преку тест за теоретскиот дел од обуката и проверка на знаењата преку успешно изведување на практични вежби во просториите или работилница на давателот на услугата.
Наставата во образовната институција ќе се изведува во времетраење од 10 часа неделно (два дена по пет часа), според претходно доставен распоред. Практичната настава ќе се изведува во работилниците на давателот на услугите според претходно доставен распоред за динамика на работа (минимум 5 работни денови по 6 часа)
Проверката на знаењето ќе се одвива после завршувањето на крајот на обуката, од комисија составена од наставниците давателот на услугата.
Сертификат
Предвидено е кандидатите, кои успешно ќе ја реализираат програмата и ќе покажат соодветно ниво на знаење на крајниот испит, да добијат:
Сертификат за „Инсталатер на клима уреди и топлински пумпи” според пропишаниот стандард на ЈУ Центар за образовнаие на возрасни.
Релевантноста на програмата за потребите на пазарот на трудот
Формирањето на програмата со наслов „ Инсталатер на клима уреди и топлински пумпи” е на барање на индустриите кои секојдневно се соочуваат со недостаток на стручни кадри од областа на инсталацијата на клима уреди и топлински пумпи кои користат флуорирани средства за ладење.
Целни групи:
Лица за кои би важеле овој тип на надоградување на знаењата и доусовршување, се следните групи:
– невработени со завршено тригодишно средно образование, желба за работа во областа на инсталирањето на клима уреди и топлински пумпи (поради зголемената побарувачка на пазарот на трудот).
– работници со завршено тригодишно средно образование на кои им е потребно стручно усовршување во областа.
– техничари кои поради побарувачката на индустриите поминуваат од други оддели во оддел за инсталирање на клима уреди и топлински пумпи.
Сите спомнати целни групи, наоѓаат соодветно место во стручната програма за доусовршување и освежување на знаењата од наведената област. Секој би можел да се најде во соодветен дел затоа што надоградувањето на знаењата е двигател на економијата на државата.
Верификацијата истекува во март 12, 2031
