Шминкер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат техниките на шминкање, да распознаваат техники според ликот и типот на лицето, како и стилот на клиентот , да индентификуваат прибор за шминкање и правилно да ги примениуваат , да се оспособат да го организираат просторот  и работата во салонот  и да воспоставуваат добра комуникација со своите клиенти и соработници.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:

  • организира простор и работа во салонот,
  • применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност,
  • подготвува работно место и клиент за третман,
  • шминка со примена на различни техники
  • спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира,
  • соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.

Стекнатите  вештини за шминка  ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Програмата за  „Шминкер “ е составена од 100 часа, од кои 30 часа теоретски дел и 70 часа практичен дел.

Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1 : Основи на шминкање. Модул 2 : Анатомија и физиологија на кожа. Модул 3 : Техники на шминкање. Модул 4: Целна и специјална шминка.

Програмата се реализира во простор опремен со надгледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни форми и методи , кои ќе овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите  ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата иумеењата во текот на целата обука , усно и писмено, преку практична работа и завршен испит. За секој кандидат се води портфолио.

Стручно теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира  лице –Дипломиран фармацевт, со  ниво на квалификација VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен.

Практичниот дел од обуката, ќе го реализира  – Сертифициран шминкер, со работно искуство од најмалку 5 години

Верификацијата истекува во декември 26, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот за упис на обуката треба да има најмалку основно образование  и да е постар од 15 години. Учесник во програмата може да биде и лице со завршено средно и високо образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

70

Оценување

0

Вкупен број на часови

100

Датум на верификација

26/12/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content