Програмата Шминкер е насочена кон стручно оспособување на учесник за самостојно извршување на работни задачи – шминкање во козметички салон. Преку оваа програма, се обезбедува стекнувањена основни техники и методи на шминкање. Времетраењето на програмата е 150 часа од кои теоретска настава 50 часа, а практична настава 100 часа, во кои ќе биде оспособен да применува основна, професионална шминка. Знаењето стекнато во оваа програма ќе го оспособи учесникот да биде конкурентен на пазарот на труд. Наставни средства за реализација на обуката како и просториите се согласно нормативите за место и опрема. Обучувачи во програмата ќе бидат лица со искуства. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит. По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за работно оспособување за Шминкер.
Верификацијата истекува во јануари 16, 2027