Шивач на горна облека

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата шивач на горна облека е шиење на горна облеки според барањата на клиентот. По упешна завршување на програмата шивачот на горна облека ќе извршува основни операции на кроење на материјал и шиење на облеки со различен дизајн со различни деколтеа, ракави, јаки и слично според стандардите за квалитет, врши точни и детални мерења, изработува палта (капути), панталони, елеци и долништа, фирца облеки преку процес на прилагодувања до завршена доработка, ставање на преса и завршување. Ќе стекне знаења за мерки, модели на облека и процеси на производство на облека и ќе стекне вештини да шие облеки со различни материјали и рабови, изработува облеки кои се кројат и се изработуваат по мерка според уникатен шаблон креиран за конкретен клиент. Многу од вештините се извршуваат рачно со цел да се изработи облека што прецизно одговара на барањата на клиентот. Врши повторно склопување на облеката и правење на финални подесувања, порабување на облеката со често користење на рачно порабување со посветеност кон одржување на високи стандарди на прецизност и одлично извршување на работата соодветно на занаетот.
Шивачите на горна облека можат да работат индивидуално или како дел од производствен процес бидејќи стекнатите вештини се основни за кројачката индустрија и истите ќе се извршуваат со висока прецизност, според високи стандарди за квалитетно извршување на работата и во рамките на реални временски ограничувања.
После завршување на секој модул и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. После целосно завршување на програмата ќе биде спроведен завршен испит, а доколку го положи успешно тестот на учесникот му се издава сертификат за работно оспособување шивач на горна облека. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој учесник со цел следење на напредокот.

Верификацијата истекува во декември 18, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и да биде постаро од 17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

150

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

18/12/2023

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content